Останато

Vinturi – Аератор за црвено вино + видео

Vinturi – Аератор за црвено вино + видео

Vinturi – Аератор за црвено вино + видео

Декантацијата е стара со векови и се применува за изложување на виното на воздух. Римјаните декантацијата ја правеле со часови, верувајќи дека ќе се “отвори” аромата и омекнат грубите танини. 

Денеска, тие часови кои некогаш биле потребни за декантација на виното се претворени во секунди благодарение на револуционерниот Vinturi вино аератор, кој овозможува уживање во виното веднаш по отварањето. 

Vinturi - Аератор за црвено вино + видео

Vinturi - Аератор за црвено вино + видео

Овој аератор работи на принцип кој течноста ја забрзува додека тече од по широкиот простор кон потесниот преку ситни дупки, со тоа што се слуша посебен звук, кој е всушност вителот на виното и воздухот. Овој звук е уникатен само за Vinturi аераторот и е знак дека тој е оригинален. Погледнете го видеово што го снимав да го слушнете звукот: 

Vinturi аераторот го подобрува вкусот, букето и му дава на виното кадифен завршеток. За оние кои го консумираат редовно, разликата ќе е многу јасна. 

Vinturi можете да го порачате преку Амазон и ebay