Леденото вино (или ice wine; германски: Eiswein) е едно од најистакнатите и најполуларните вина во светот. А поради својата препознатливост по неверојатната сладост и уникатен метод на производство, леденото вино е едно и од најскапите вина во светот. Се прави во постудени земји или области со поголема надморска височина, каде што температурата е постудена. Тие најчесто се произведуваат од грозјето Ризлинг, иако технички може да се произведе од било која друга сорта, па дури и од црвено.
Леденото вино има вкус на мед и чиста свежина што не се наоѓа во било кое друго десертно вино.
Како се прави?
Со наближувањето на зимата, винарите од Германија и Северна Америка со нетрпение го очекуваат доаѓањето на студот. Можеби ви изгледа малку парадоксално, но зимата е омилена сезона за многу винари ширум светот. Причината за ова е дека ниските температури дозволуваат да се собере една нестандардна, но исклучително плодна реколта – онаа на замрзнатото грозје.
Ледено вино од зрело замрзнато грозје!
Леденото вино се произведува од зрело грозје кое е замрзнато на температура околу -10°С, додека е уште на лозата. При температура под -10°С водата во грозјето се замрзнува, но екстрактот на виното, шеќерите, винска киселина и аромите се задржуваат. Грозјето се гмечи веднаш додека сè уште e во замрзната состојба, тоа обично значи дека целата постапка мора да се спроведе преку ноќ.
При внимателно пресување на замрзнатото грозје, ледената вода останува во пресата и со виното се исцедува многу мала количина високо концентриран вински еликсир. Се проценува дека поради оваа висока концентрација леденото вино е исклучително слатко. Всушност, тоа не е само многу слатко, но и многу горчливо. Тоа е затоа што, меѓу високата концентрација на шеќери во него има и голема концентрација на винска киселина.
Високата концентрација на шеќерот и киселините го прават виното уникатно и неслучајно е едно од најскапите вина во светот.
Производството на ледено вино е доста ризично и бара достапност на голема работна сила за да се собере целото грозје за неколку часа, особено наутро кога е ладно. Ова резултира во релативно мала количина ледено вино.