Eдноставни трикови за отстранување дамки од црвено вино!
Eдноставни трикови за отстранување дамки од црвено вино!
Eдноставни трикови за отстранување дамки од црвено вино!
Дамките од виното е ризикот кој го прифаќаме поради огромната љубов која ја имаме кон црвеното вино. Сепак, ова не е толку сериозно колку што замислуваме, особено ако реагираме брзо. Еве неколку трикови за како полесно да ги отстранете дамките.
Трик 1. со сол, особено добар за килими и теписи. Кога ќе ја видете дамката на тепихот, одма земете крпа или хартија и бришете колку можете. Земете сол и насолете на тој дел каде се наоѓа дамката. Дозволете солта да се впие и исуши и на крај со правосмукалката едноставно исчистете се.
Трик 2. со течен сапун или детергент за миење садови со хидроген пероксид, погоден за облека. Измешајте ги заедно на еднакви делови и смесата истурете ја врз дамка и оставете ја да се впие. По извесно време дамката ќе почне да побелува и облеката се пере веднаш. Овој трик препорачливо е да не се работи на темни алишта, бидејќи хидрогенот пероксид има тенденција на обелување.
Трик 3. Врела вода, одличен за чаршави.
Трик 4. со оцет, уште еден трик за облека. Веднаш покријте ја дамката со оцет, така што ќе се неутрализираат црвените и пурпурните пигменти.