Category: Маркетинг
За винската индустрија, дури и традиционалните канали за комуникација сè уште се многу важни. Промотивните кампањи со употреба на масовни медиуми како што се радио и печатење сè уште носат тежина и не треба да се потценуваат. Истото важи и за дизајнирање на атрактивни етикети и каталози кои можат да ги евоцираат вредностите на брендот. Учеството на настани кои поттикнуваат контакт помеѓу професионалци, како и споделување на искуства е многу ефикасно.
НО! Денес најголемата моќ над потрошувачите го има интернет технолгијата. Луѓето преферираат својот избор за одредено вино да го прават преку апликации и блогови или директно од веб – страните на винариите. Ова го прават со цел да бидат повеќе информирани и да се осигураат дека вреди да го купат тоа вино. Во ова сценарио, да се биде бестрашен и прилагодлив, користејќи ги новите технологии и платформи за комуникација е единствениот начинот да се успее во ова високо конкурентен глобален пазар.
Дигиталниот маркетинг иако создаде поконкурентен пејзаж во светот, истовремено отвори и врати за да се стигне што е можно подалеку и пошироко. Ваквата ситуација не се однесува само за винариите, скоро секоја индустрија доживеа “револуција” со големиот пораст на интернетот.
Сакам да споделам со вас неколку трикови за успешно водење на блог. Со силно познавање на винарството, со сигурност можам да тврдам дека блогот е идеална алатка бидејќи процесот на производство на вино е тема за која има многу што да се каже. Веќе не е доволно само да пишувате карактеристики на виното, на каква температура и со која храна се служи. Многу е важно да:
– Привлечете внимание: корисниците се нетрпеливи; направете го вашето пишување јасно, концизно и поентирајте од самиот почеток.
– Направете го тоа оригинално: уникатна, оригинална содржина е одличен начин за воспоставување авторитет
– Користете ја превртената пирамида: стилот на пишување на превртена пирамида што често се користи за приказните во весниците има тенденција да функционираат добро на интернет. Целта е да се испорачаат најважните точки од вашата приказна најпрво, па придружните детали доколку да се намали важноста на текстот. Ова е идеално во случај ако корисникот сака да престане да чита во кој било момент и сè уште да ја има добиено суштината на содржината.
– Бидете доследни: користете едноставен, лесен стил за читање на пишување.
– Користете стил на разговор и пишувајте како да разговарате со индивидуа, а не со публика. Ова ќе ви помогне да се поврзете со читателот на лично и емотивно ниво.
Овие трикови ќе ви помогнат многу во креирање не само на едукативна содржина на блогот туку и во storytelling (раскажување на приказни).
Раскажување прикажна или storytelling се уште е една од најмоќните алатки во маркетинг0т за виното
Секој сака добра приказна. Приказната може да нè транспортира до далечни места или таа може да ни помогне да ја пронајдеме заедничката основа што ја споделуваме со некого, дозволувајќи ни да ги сакаме или да им веруваме малку повеќе. Уметноста на раскажување приказни има огромен потенцијал да ги надополни вашите стратегии за маркетинг на виното, доколку се користат правилно. Искуствата покажуваат дека, виното не продава вино. Приказни продаваат. Ова ќе ви помогне да ја изградите врската со потрошувачот на повисоко емотивно ниво. Нудејќи им нешто да се поврзат е најдобриот пат кон интересот и лојалноста на клиентите. Основата на добра приказна е да изберете нешто што е единствено за индивидуалната винарија. Зошто сте ја започнале винаријата? Кои други интереси ги споделувате? Покрај виното, што може да го интересира клиентот? Дали сопственикот е возач на тркачки автомобили, земјоделец од петта генерација или љубител на кучиња? Не им кажувајте дека си во семејна сопственост, дека правиш премија вино или дека виното се прави во лозјето. Зошто? Затоа што има буквално илјадници други винарии што ја раскажуваат истата приказна. Пронајдете што ве прави уникатни и прифатете го. Поради скршената природа на бизнисот, предизвик е да се најде она што ја прави винаријата посебна, за жал. Во storytelling можете да ги интегрирате емоциите: мистерија и интрига, суспензија, конфликт, љубов и хумор. Многу е важно со начинот и видот на приказната, виното да го направите специјално во очите на потрошувачите. Сметам дека storytelling треба да биде столбот на секоја стратегија, бидејќи се занимава со емоциите на човекот, а виното има длабок бунар на емоции.