Останато

4 најзначајни татковци во историјата на виното

1.  MAYER AMSCHEL ROTHSCHILD 

 М.А. Rothschild бил германски банкар и основач на Rothschild banking dynasty која станала најпозната во целиот свет. Своите 5 синови ги испратил низ Европа, односно во 5 различни држави со цел да се установи оваа династија.

Се почнало со 3 син, Nathanom Mayerom Rothschildom, кој се преселил во Франција и ја купил винаријата Château Brane Mouton, која била број 2 во Бордо и ја преименувал во Château Mouton Rothschild. Самото име на оваа винарија имало големо влијание низ цел свет. Децении подоцна, на чело на винаријата дошол правнукот на Nathanom, Philippe de Rothschild и оттогаш станала само Bordeaux château во историјата, со што резултирало со издигнување од 2 на прво место. Неверојатно остварување!

2. CESARE MONDAVI

Mondavi, бил имигрант во САД во 1906 година и трговец со грозје. Поради големата пристрасност кон својата работа ја купил винаријата Charles Krug во 1943 година за само 75.000 долари. Покрај него, неговите синови Роберт и Петар станале највлијателните имиња во винската индустрија во Америка, особено Петар кој се сметал за врвен трговец поради своите маркетинг стратегии и доведување на огромно влијание од целиот свет. 

3. GIOVANNI GAJA

Таткото на најпознатото Barbaresco вино Gaја, ja основал винаријата во 1859 година под името Gaja и бил заслужен за создавањето на етикетата Gaja со големи букви на предниот дел од шишето и била призната ширум светот.  

4. BETTINO RICASOLI

Ricasoli бил наследник на имот и лозје во срцето на регионот Chianti Classico во Сиена. Бил одлучен неуморно да се усоврши и произведе вино кое ќе се натпреварува со врвни вина од Франција. Тој создадил рецепт за Chianti вино, во кој биле вклучени 3 сорти на грозје: Sangiovese, Canaiolo и Malvasia.