Маркетинг

12 маркетинг совети како да ја зголемите продажбата на вино за време на празниците

Ни преостанува уште малку време до Новогодишните и Божиќните празници, период од годината во кој можете да ја зголемите вашата продажба на вино. Верувале или не, празничниот шопинг започнува уште во септември и октомври, додека ноември и декември се врвни месеци, особено во декември, купувачкиот дух драстично се зголемува. Статистички е докажано дека сезоната на празниците е идеално време за продажба на вино и нејзино зголемување.
Затоа, сега е совршено време винарите да ги подготват последните детали за продажба на вино. За да ви помогнеме, собравме неколку идеи за тоа како можете да направете поголема продажба на вино за време на празниците, особено ако имате мала винарија со мал буџет.

Направете одлична понуда со намалени цени

Но, бидете внимателни со ова: тоа е најочигледниот и најлесниот начин да се направи најголема продажба за време на празниците. Намалувањето на цените може навистина да ја зголеми продажбата, но направете го тоа на паметен начин: не треба да ги намалувате цените за сите ваши производи, само за некои од нив.

Бесплатна испорака

Ако вашето вино го прoдавате преку интернет за време на празниците, понудете бесплатна испорака или барем намалете ги трошоците за испорака. Високите трошоци за испорака честопати резултираат со недостаток на продажба. Луѓето сакаат бесплатен превоз, многу од нив се спремни да купат дури и порано.

Промовирајте сетови за подароци и идеи за подароци

Виното е еден од најпопуларните подароци (не само за Божиќ) затоа што едноставно не можете да го промашите, истовремено ги прави луѓето среќни. Особено кога купуваат подароци во последен момент и кога не знаат што да купат, тие купуваат вино. Па, како можете да бидете сигурни дека ќе продадете повеќе вино – едноставно понудете им сетови за подарок (чаша, отварач за вино, чоколадо и слично) со вашето вино.

wine-gift-set-ideas

Понудете вреќички (торбички) и завиткување со украсна хартија

Ако не сте толку многу по правењето сетови за подароци, едноставно понудете им вино завиткано со украсна хартија или во новогодишни торби. Направете го тоа да биде едноставно и креативно, а купувачите направете ги среќни. Можете да завиткате 2 или 3 различни шишиња вино и не заборавајте да додадете картичка во кој ќе пишува кое вино се пие со десерт, а кое со главно јадење.

Понудете картичка за подарок

Дозволете купувачот да купи картичка за подарок, особено важно е за особа која има сè или е крајно пребирлива кога станува збор за вино или за оние кои не се грижат за совршен подарок. Понудете неколку различни дизајни и парични опции и како плус бонус, напишете убава (персонализирана) порака. Ваучерот или картичката може да биде за вино или за дегистација во вашата винарија.

Направете ги вашите веб-страна и facebook профил во склад со празниците

Ова го прават сите, направете го и вие. На овој начин можете да ги промовирате и понудите кои се споменати погоре.

Направете видео

Направете видео за вашата веб-странa и каналот на youtube, ако немате ниту еден од нив, споделете го вашето видео на каналот кој веќе го имате (facebook, instagram и слично, скоро сите овозможуваат дистрибуција на видео). Видеото е многу економично промовирање на вашите вина и винарија. Едноставно снимајте ја вашата винарија и доловете ја празничната еуфорија преку песна и ефекти и поканете ги луѓето да ве посетат и покажете им ја вашата празнична понуда. Изработувањето видеа е една од најпопуларните и ефективни стратегии за маркетинг во последните години. Имено, гледачите задржуваат 95% од пораката кога се пренесува преку видео, споредено со 10% кога е претставено во текстуална форма.

Направете настан во вашата винарија

Според Институтот за истражување за маркетинг на виното во Тексас, најпрофитабилниот деловен модел за мала винарија е директната продажба на вино на потрошувачите. За време на празници, совршен е тајмингот да организирате настан во вашата винарија, дегустација на вино, деловни забави на крајот на годината, да понудите винарска турнеја и слично.

Создадете кампања 12 дена вино

Направете 12 дена од вашето вино или продукт на неделата или продукт на месецот. Поентата на оваа стратегија е да се истакне едно од вашите вина секој ден или секоја недела за време на празниците, бидејќи може да се случи да луѓето не ги знаат сите ваши вина. Оваа стратегија ја користат многу компаниите за прехранбени производи. Едноставно изберете ден во неделата во кој ќе воведете и истакнете едно од вашите вина, според тоа, вино на неделата – и промовирајте го истата недела. Можете да направите видео за тоа и да објасните сè за тоа вино, или да напишете блог-пост и да го промовирате на социјалните медиуми.

Дадете совет

Дадете совети во врска со спарување на храна и вино за време на празниците. Можете да го направите тоа преку видеа, социјални медиуми или да направите е-книга (презентација) со најпопуларните божиќни јадења и да ги спарите вашите вина со неа. Или уште подобро, покажете ги вината и одберете ги најдобрите рецепти за јадења што можат да се спарат со вашето вино. Дозволете им на луѓето да учествуваат и оставете ги да ви ги дадат омилените рецепти и можете да им помогнете со тоа што ќе ги спарите со вашите вина.

Наградете ги фановите на вашите социјални мрежи

Користете ги своите канали за да ја промовирате вашата винарија и празничната понуда. И не, не треба да одите со платено рекламирање, напротив, а ако имате мал буџет, ќе биде малку потешко да ги надминете големите винарии за време на Новогодишните и Божиќните празници. Сепак, се што треба да направете е да бидете активни на сите ваши платформи за да ја забавувате и едуцирате вашата публика и да ја натерате да ги купат вашите вина. Охрабрете го вашиот следбеник на фејсбук да го сподели вашето видео или фотографија со вашите празнични зделки и подароци, организирајте подарок (шише вино или бесплатна дегустација во вашата винарија за двајца). Не заборавајте ги instagram и twitter каде може да се споделува фотографија од вашата винарија како и вашите промотивни материјали.

Не заборавајте на пенливото вино

Во декември, пенливите вина добиваат навистина голем поттик во продажбата. Особено последните денови пред нова година е одлична можност за сите винарии.


За крај, она што треба да го знаете за успешно да го достигнете својот целосен потенцијал за време на празниците, е дека сè повеќе мобилни телефони доминираат во искуството на купувачот. Затоа, проверете дали имате веб-страница за мобилни телефони и online продавница. Имено, сè повеќе луѓе купуваат преку интернет, така што купувачите во последен момент остваруваат скоро 30% од продажбата за време на празниците. Ако сè уште немате online продавница, да не се грижите има уште неколку начини да ги продадете своите вина, а еден од тие начини се социјалните медиуми. Социјалните медиуми играат важна улога во свеста за брендот, додека персонализираните производи и понатаму ќе бидат двигател на продажбата.