Останато

Што означуваат буквите DOC и DOCG на шише вино

DOC и DOCG се ознаки што може да се забележат на шишиња од италијанско вино.

Што означуваат и која е разликата помеѓу овие две ознаки?

DOCG и DOC се квалитативни класификации. Според италијанскиот закон за вино DOCG е највисока ознака за квалитет меѓу италијанските вина. 

  • DOCG се залага за Denominazione di Origine Controllata e Garantita (Деноминација на контролирано и загарантирано потекло).
  • DOC се залага за Denominazione di Origine Controllata (Деноминација на контролирано потекло).

Ознаката за DOC за прв пат била воведена во раните 1960-тите. Прописите за секое DOC вино ги поставуваат границите за областа на производство, бојата на виното, дозволените сорти грозје и максимални/минимални пропорции, стилови на вино, максимално/минимално ниво на алкохол, како и дозволени техники на витикултура, винификација и стареење. Во Италија денеска постојат 330 вина со DOC. 

Ознаката за DOCG за прв пат била воведена во 1980 година со цел да се разликуваат италијанските вина со највисок квалитет, бидејќи се имало општо чувство и помисла дека статусот на DOC бил земен премногу ,,здраво за готово”. Прописите за вината со DOCG се построги и порестриктивни. На пример, максимум дозволените приноси на грозје се пониски. Исто така, секое вино мора да помине детална техничка анализа и дегустација за да добие официјален DOCG печат со одобрение од Министерството за земјоделство. 

На почетокот само пет вина биле признати како доволно супериорни за статусот на DOCG: 

  • Brunello di Montalcino (Tuscany)
  • Vino Nobile di Montepulciano (Tuscany)
  • Chianti (Tuscany)
  • Barolo (Piedmont)
  • Barbaresco (Piedmont)

Додека денес постојат 73 вина кои имаат статус на DOCG во Италија…

Дали DOC и DOCG секогаш се најдобри индикатори за квалитет?

За жал, системите за класификација на квалитет покажуваат само дел од приказната за квалитет. Тие означуваат дека сите кутии се обележани и дека се почитуваат правилата и прописите.

На крајот од денот, квалитетот се сведува на поединечниот производител. Постојат многу врвни квалитетни италијански вина што спаѓаат надвор од системот DOC или DOCG – не поради понизок квалитет, туку поради тоа што производителот избира да го направи виното од сорти или пропорции на сорти кои не се дозволени со правилата DOC / DOCG. 

Пример, прославените вина TignanelloSassacia и Ornellaia – првично биле етикетирани како “трпезни вина”, бидејќи тие не се придржувале на прописите на Chianti DOCG. Во тоа време производителите избирале да направат вино надвор од класификацијата за квалитет на DOCG, бидејќи сметале дека правилата на DOCG се премногу рестриктивни, што ги спречува да ги направат најдобрите вина.

Значи, иако DOC и / или DOCG класификациите можат да бидат корисни во разбирањето на класификацијата на италијанската вина, тие не се секогаш дефинитивни водичи за вистинскиот квалитет на виното.