Производство

Што значи Sur Lie и зошто се применува овој процес во производството на вино

Sur lie или Сур Ли е процес на стареење на виното ”на талог”. Концептот потекнува од Бургундија и најпрво е применуван на сортата Шардоне. 

Талогот се состои од остатоци на мртви клетки на квасецот и се користи кај белите и пенливите вина со цел да се создадат корисни текстури и вкусови.

Кога велиме дека виното е стареено sur lie тоа значи дека талогот е оставен, односно не е елиминиран за време на стареење. За тоа време, виното е во контакт со мртвите клетки на квасецот и тие ослободуваат нови елементи во виното кои го менуваат вкусот, аромата, длабочина, структурата и комплексност.

Три причини зошто треба да се применува овој процес: 

  1. Намалување на дабови танини – талогот ослободува протеини кои се врзуваат со танини од дабот, омекнувајќи го остриот ефект на танините. 
  2. Се создава специфичен профил на вкусови, побогат и покомплексен.
  3. Заштита од оксидација – слојот на талогот кој се наоѓа на дното апсорбира кислород и го штити виното.

Исто така, талогот од квасецот ги ослободува пептидите, амино киселините, полисахаридите и нуклеотидите. Пептидите го менуваат вкусот, аромата, сладоста и хранливите материи во виното; амино киселините и нуклеотидите го менуваат вкусот, аромата и хранливите материи; полисахаридите ја зголемуваат стабилноста и чувството во устата на виното.

Колку долго трае процесот Sur Lie? 

Во зависнот од виното, овој процес може да трае од 3 до 4 месеци или колку што е можно повеќе години.