Винарство

Што значи куве (франц. cuvée) и егализација на вината?

Во последно време се настојува да се произведуваат секоја година стандардни типови вина со изедначен квалитет. Но, за жал, во еден ист реон секоја година нема исти климатски и почвени услови, па тешко е да се постигне посакуваната цел. Затоа се препорачува егализација и купажа на вината. Фактички, тоа е поправка на вината и меѓусебно дополнување на две или повеќе вина во однос на некои состојки, како алкохол, киселини, танин, боја, екстракт и така натаму.

Егализација на вината значи изедначување на квалитетот и хомогенизација на две или повеќе вина од иста сорта или ист тип.
Купажирањето на вината се состои во мешање на две или повеќе разни сорти и разни типови вина, што меѓусебно може да се дополнуваат.

Вината кои се купажираат и егализираат треба да бидат здрави и бистри, хармонични, во спротивно би се расипало целото количество вино.

Пред да се пристапи кон купажирање, претходно се вршат проби на мало, се чуваат повеќе дена во затворени шишиња, па се дегустираат. Онаа комбинација што обезбедува најхармонично и најквалитетно вино, се зема во предвид при мешање во големи размери.

Она шише што има етика со името cuvée е всушност вино кое е купажирано.