Останато

Што значи декантација и зошто е важна за виното

Декантација значи преточување на виното од шишето во сад наречен декантер. Се што треба да направете е да си набавите чист и сув декантер или бокалче. Декантацијата е од значајна улога бидејќи му се овозможува на виното да допре во контакт со кислород. Кислородот во првиот контакт со виното може да биде многу корисен со тоа што му ги подобрува аромите и го омекнува. Тоа може да се направи на секое црвено вино и во секое време.

За успешна декантација, потребно е од кога ќе се преточи виното од шишето во декантерот да отстои барем 20 минути, па потоа се служи.