Рецепти, Храна

Рецепт за чоколадна торта со црвено вино

Состојки:
3/4 чаша (177 мл) црвено вино
1/2 чаша (60 g) сушена брусница
1 1/4 (156 g) чаши брашно
1/2 лажичка морска сол
1/2 чаша (115 g) путер
180 гр темно чоколадо за готвење
3 големи јајца
1 1/4 чаши (250 гр) шеќер
1/2 чаша (41 g) какао во прав
1/2 чаша (63 г) сецкани ореви (по избор)

Инструкции:
Во мал сад измешајте го црвеното вино и брусницата и оставете ги да седат 30 минути до еден час или додека брусницата не набабри. Можете да ги загреете виното и брусницата на шпоретот или во микробранова печка за да го забрзате процесот.
Загрејте ја рерната на 180°C и намрсете ја тавата во која ќе печете.
Во сад измешајте ги брашното и морската сол и оставете ги настрана.
Во друг сад над зовриена вода, загрејте ги путерот и чоколадото сè додека не се стопат и се мешаат заедно.
Отстранете ја чинијата од топлина и скршете ги јајцата. (Ако чинијата е многу жешка, оставите да се излади околу 5 минути пред да ги додадете јајцата).
Додадете го шеќерот и какаото во прав и измешајте, па додајте го брашното и повторно добро измешајте.
Додадете ја смесата во црвеното вино и брусницата. Ако користете ореви, додадете ги и нив.
Истурете ја смесата во тавата за печење и печете ја околу 50 – 55 минути. Проверка направете со чепкалка за заби.

Откога ќе се испече, оставете да се излади во тавата околу 25 – 30 минути. После половина час спремна е за сервирање.