Останато

Чаша за вино која одговара на контурите на лицето за да го интензивира вкусот на виното

Иновативната чаша за вино ќе ви даде ново искуство така што можете да дишете низ неа додека пиете.

Рабовите на оваа маска од чаша за вино која наликува на гас маска, се вклопуваат со носот и од двете страни се наоѓаат мали дупки за воздух кои помагаат при дишењето. Дизајнирани се со користење на различни лица за да се постигне повеќе или помалку универзално вклопување.

Со нејзина употреба се добива целосната арома на овошје, зачини, билки и цвеќиња за разлика од класичната чаша

Како што дише црвеното вино, молекулите на виното се комбинираат со азот и кислорот од воздухот. Дупките кои се наоѓаат од двете страни на чашата го намалуваат протокот на кислород и азот и го прави искуството многу подобро.