Рецепти, Храна

Рецепт за хамбургер со црвено вино, печурки, козјо сирење и салата од домати

Состојки за салатата од домати:
4 домати
1 лажица сецкан босилек
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет

Состојки за хамбургерот
1/2 чаша печурки ситно сецкани
4 лажици маслиново масло
1 парче мелено говедско месо
3 лажици црвено вино
1/2 лажичка сос од Вустершир
3/4 лажичка сол
1/4 лажичка црн пипер
170 грама козјо сирење
3 лебчиња за хамбургер
3 парчиња домат по избор
3 лисја марула по избор

Инструкции
Спремете ја скарата на жар околу 45 минути пред да почнете со готвење.

Burning Under Black Metal Grill

Најпрво направете ја салатата како што ја спремате секогаш.

Во тава загрејте масло на средна температура. Додадете ги печурките и сосот и гответе додека не станат кафеава боја и малку да омекнат, околу 6 – 10 минути. Тргнете ги на страна.
Во голем сад измешајте ги меленото говедско месо, печурките (и маслото во кое ги готвевте), црвеното вино, сосот од Вустершир, солта, црниот пипер и останатите 3 лажици маслиново масло додека не се распределат рамномерно.
Поделете ја смесата на три топчиња со рамномерна големина и обликувајте плескавици.

Ставете ги парчињата на скара и печете ги околу 5 минути од секоја страна. Времето за готвење ќе зависи од дебелината на парчињата и топлината на скарата, затоа внимавајте.
Кога ќе бидат зготвени, тргнете ги од оган и составете го хамбургерот со остатокот од состојките.
Послужете со салатата од домати и чаша црвено вино!

Добар апетит!