Винарство

Сулфур диоксид и неговата улога во производство на вино

Сулфур диоксид (SO2) е најчестото хемиско соединение што се користи во производството на вино. Неговите конзервански и антибактериски квалитети биле откриени пред илјадници години, и затоа што е нетоксичен се користи во храната и виното уште од антиката. SO2 се додава периодично низ целиот процес на производство на вино и игра клучна улога во квалитетно винарство. 

Преработка на грозје

Додавањето на сулфур диоксид се врши во машината за муљање на грозјето. Количината зависи од сортата на грозјето и зрелоста. Тоа помага во зголемување на екстракцијата на флавоноидните феноли. Преработката во присуство на SО2 доведува до зголемување на ензимската оксидација и последователна полимеризација и таложење на нефлавоноидните феноли.

Винарска визба

За сулфуризација на бурињата се користат неколку методи, со сулфурни фитили или таблетки. Честопати таблетките обезбедуваат големо количество SО2 од фетилите. При нивно горење доаѓа до исцрпување на кислородот, а сулфур диоксидот се ослободува во бурињата. За време на полнење, остатоците од SО2 се раствораат во виното. Течниот сулфур диоксид под притисок е вообичаен извор на сулфуризација на бурињата или танковите. Со користење на 1% SО2, во закиселена вода исто така е ефикасен метод за контролирање на микробите и нивниот раст. Кај нас често се користи овој метод.

Преточување во шишиња

Концентрацијата на М слободен SО2 во виното е важен елемент за контрола на микроорганизмите во виното. Честопати се зголемува веднаш пред преточување во шишиња за зголемување на конценрацијата на слободен SО2. Голем број сетилни карактеристики на виното му се припишуваат на присуството на SО2. Високото ниво на виното му дава метален вкус и груб карактер, силна арома, остро буке и мирис на сапун. Исто така, може да влијае врз една многу важна карактеристика од страна на квалитетот на виното, а тоа е неговиот животен век.