Насловна, Совети

Со овие трикови бидете експерт за вино во секое време

Дали има правила за спарување на вино и храна? Дали постои начин да се тестира киселоста на виното или остатокот на шеќер од ферментацијата? Со овие совети, ќе размислувате како сомелиер во секој момент.

1. Извлечете го максимумот од вашето сетило за мирис

Кога станува збор за мирисот на виното, го добивате вистинскиот мирис со првото до второто длабоко вдишување, после тоа носот се прилагодува на она што го мириса. Тоа значи дека нема да можете да забележите никакви нијанси и најверојатно ќе ја пропуштите вашата шанса да го опишете вашето вино како „има мирис на малина“.

За да извлечете максимум од тие вдишувања, осигурајте се дека зафаќате поголема површина од чашата. Најдобриот начин да го направите ова е: најпрво ја провртувате чашата, па вдишувате и полека мрдајте ја главата нагоре-надоле лево-десно над виното со ноздрите во чашата за да ги добиете аромите од секој агол. 

2. Постои тест за да се утврди киселоста на виното

Виното е кисело, ако предолго го оставиме отворено, станува оцет. Оваа карактеристика е важна; ја задржува неговата острина и свежина. Но, некои луѓе преферираат нивните вина да бидат помеки. Кога пиете вино во кое уживате, пробајте го следниов тест:
Земете голка вино, “завртете” го во устата како да си го плакнете непцето, па голтнете го. Потоа навалете ја главата надолу, држејќи ја устата отворена. Ако чувствувате дека засилено лачите плунка и ќе ви капне во секој момент од устата, тоа значи дека виното има висока киселост.

3. Постои тест за да се утврди дали виното има и остаток на шеќер (нефермениран шеќер)

Друга клучна компонента на виното е сладоста. Ова понекогаш може да биде збунувачко, бидејќи „недостаток на сувост“ (ниска киселост) може да се толкува како сладост. Меѓутоа, кога зборуваме за сладоста на виното, мислам на остатокот на шеќер од ферментацијата.
Ова влијае на сладоста на виното, но и на неговото тело и чувството во устата. Ова може да се мери со помош на супер сензитивниот врв на вашиот јазик. Едноставно, исплазете го и натопете го јазикот колку што може повеќе во виното. Ако добиете сензација на трнење, тогаш има вишок шеќер во виното.

4. Спарување вино со храна не е научна фантастика

Ова може да звучи очигледно, но изберете вино кое ќе ја надополни храната што ја сервирате. Пример за десертите: колку потемна е бојата на колачот – толку потемна е бојата на виното. Друго основно и корисно правило е да се спари виното со храната од истиот регион. Ако имате за ручек или вечера македонско традиционално јадење како на пример гравче спарете го со македонско вино итн. Шансите се поголеми за храната и виното убаво да се надополнат. 

5. Не одете секогаш на логиката „Црвено со месо, бело со риба“

Секако, има одлични бели вина кои одат со риба, но ако сакате да пробате црвено вино со риба, пробајте, но тоа треба да биде со полесно тело.

6. Најдобар начин за подобрување на вашиот речник за вино е да мирисате буквално сè

За да го опишете виното како „мириса на цреши“, прво треба да знаете како изгледаат и мирисаат црешите. Се препорачува да се мириса сè – од вашиот шампон, парфемот на вашата колешка, новата книгата штотуку сте ја купиле, до сосот што го правите за ручекот – и да обрнувате вниманите повеќе на овие мириси. Ова ќе ви помогнеме да ја изградите сетилната меморија, што е клучно кога се обидувате да ги прочистете нијансите на мирис во вашата чаша вино.

7. Што е со мамурлукот?

Извинете ама за ова немам совет тука. 😀