Останато

Симбиоза помеѓу виното и цвеќето🍷🔗🌹

Постојат многу убави нешта во светот кои цветат и расцутуваат. Тука спаѓа цветањето на алгите, мрзнење на цвеќињата и формирање на мраз и се разбира, цвеќињата што ги гледаме во раскошни форми на земјината флора.

Размислете убаво, на кои начини цвеќињата се поврзани со виното – дали нивната врска е симбиотичка… Како љубовта која ја имаме спрема цвеќињата ни помага да ја цениме убавината на виното?

Со амбиентална убавина

Египќаните биле познати по декорирање и меѓу првите што почнале да користат цвеќиња како декорација на ѕидовите во просториите. Започнале со овоштарници и зеленчукови градини, а како земјата станала побогата тие ги развиле своите градини со цвеќиња, езерца итн. Цвеќињата во нивните градини биле гордост и ги одржувале и користеле со цел за да ја направат околината да изгледа убаво и да мириса убаво.

Related image

Римјаните пак, биле градинари и цвеќари во античкиот свет, ги користеле цвеќињата како декорација на своите прослави и лисјата од цвеќињата како декорација на своите трпезни маси за забави и настани.

Ваквите декоративни навики што ги применувале овие антички народи се и инспирација во модерниот свет!

По некоја случајност, тие се и најраните пролифератори на винската култура. Па така, следниот пат кога ќе уживате со чаша вино среде вашата цветна градина не заборавајте да подигнете чаша за Египќаните и Римјаните – бидејќи прво тие ги спарија виното и цвеќињата.

Со боја

Боите на цвеќето се палетите на најголемите уметници во историјата. А уметниците историски го сакале виното. Дури Леонардо де Винчи честопати бил цитиран:

„Откривањето на добро вино е сè подобро за човештвото отколку откривањето на нова ѕвезда“.

Неговото мајсторство на бои и сликовитост во светот на уметноста е незаменливо до ден денес. Сè уште гледаме во sвездите и ги гледаме боите на универзумот. Дали кога гледаме во виното ги гледаме боите на светот?

Ги разгледуваме боите на виното и ги гледаме неговите длабоки нијанси, темните длабочини, воздушните неони и убавите екстракции од мастилото на многуте уметнички генијалци; толку многу уметници со палети полни со израз. Го бараме нивниот израз во природата и во значењата на животот – чии едноставни цвеќиња ги поттикнуваат нашите човечки напори. И покрај нашите човечки резултати, постојано се обидуваме да ја направиме врската. Боите се околу нас насекаде, секој ден. Цветовите се убави, шарени и миризливи.

Image result for art of color of wine

Со мирис

Виното мириса на цвеќиња во различни степени и сорти. Колку повеќе интригрирчки и развиен цветен мирис, толку повеќе стануваме љубопитни за сложеноста на виното.

Размислете, дали е случајно што аромата на виното ја нарекуваме „букет“?

А дали знаевте дека од 70% до 75% од вкусот е всушност наше чувство за мирис?

Со вкус

Има многу што да се каже за вкусот на виното и цвеќињата. Сигурна сум дека сте свесни дека многу цвеќиња се прилично вкусни за јадење. Но вие не мора да мислете дека цвеќињата имаат вкус како вино. Мислете дека вкусот на виното е како цвет. Вкусот на виното може да биде светол, лесен и ветровит, како рид со див афион во пролет. Вкусот на виното може да биде длабок, смел и живописен, како “кралицата на розите” што цвета во полн сјај и може да биде интензивен, зашеметувачки и апстрактен, како ретките тропски орхидеи влажни во магливата џунгла. Се надевам дека овие видови на вкусови не ве плашат. На крајот на краиштата, тоа се само цвеќиња.

Со фрагилност

Виното е чувствително и фрагилно во текот на целиот животен циклус… сè до крајната дестинација. Живото овошје на живата лоза изложена на природни елементи и со тенденција да се обери од рацете на берачите, винското грозје е исто толку деликатно како и секој цвет (лозјата, всушност, произведуваат свој мал цвет). Фрагилноста на виното продолжува и после животот во лозата како грозје: во процесот на дробење и ферментација, во процесот на флаширање, стареење и консумирање. За време на целиот пат, виното е подложно на неповолни температури, влага, неправилно ракување, изложување на сонце; сите тие работи што ги прават цвеќињата да претрпат штета и смрт. Ова е причината зошто цвеќињата го разбираат виното, затоа што цвеќињата и виното само сакаат да донесат убавина на светот – за да не направат среќни. Поради оваа причина, тие со задоволство го даваат својот живот. Тие тајно го склучија овој договор многу одамна, назад во лозјето.

Со лозје

Грозјето се раѓа во лозјето, лозјето е засадено во во земјата, а земјата е античка и мудра. Земјата знае што е добро, а што е лошо, и ги зборува овие вистини за доброто и лошото преку корените. Корените се каналите и носителите на светите разговори што исто така можеме да ги слушнеме, ако избереме да ги слушаме.

Дали некогаш сте забележале прекрасни грмушки од рози што ги красат краевите на лозовите насади?

Розите се познати индикатори… Тие се чувствителни на габични заболувања како прашкаста мувла, исто како и виновата лоза. Ако видите дека овие проблеми растат на вашите рози, тоа може да значи дека вашето грозје е следно и треба да се преземе акција. Тие служат и за зголемување на биодиверзијата на лозјето.

Исто така садење на растението за сенф се поттикнува поради добро лозарски причини. Тие природно содржат соединенија што ги инхибираат нематодите во почвата кои ја уништуваат младата лозата која е многу осетлива на нематодити. Растението за сенф е одлична зимска култура што ја прави работата за производителите, делуваат како зелено ѓубриво ослободувајќи азот во почвата.

Related image

Ова е приказната за врската помеѓу виното и цвеќето. Тоа е убава, шарена, мирисна, вкусна и природна врска; во пракса и теорија.