Храна

Рецепт за печени лебчиња со печурки во сос од црвено вино

Состојки:
350 грама печурки
1/2 чаша црвено вино
2 лажици стопен путер
2 лажици маслиново масло
2 чешниња лук, мелено или исечкано
2 лажички мајчина душичка
2 лажички сецкано оригано
1/4 лажичка бибер
1/4 лажичка морска сол
2 лажици сецкан магдонос
1 леб или 1 багета, исечена
4 лажици мек путер
1/2 лажичка лук во прав
350 грама козјо сирење

Инструкции:
Загрејте ја рерната на 220°C
Печурките ставете ги во голем сад за печење, потоа додадете путер, маслиново масло, лук, мајчина душица и оригано, добро измешајте ги.
Истурете во црвеното вино и повторно добро измешајте.
Печете 25-30 минути, додека печурките не станат меки и сочни, превртувајќи еднаш или двапати помеѓу времето за готвење. Извадете ги и посипете ги со сол и бибер.
Посипете и сецкан магдонос.

Red Wine Roasted Mushrooms on Goat Cheese Garlic Toasts I howsweeteats.com

Додека печурките се готват, исечете го лебот и ставете ги на садот за печење.
Премачкајте го со омекнат путер и посипете лук во прав.
Или ставете го на долната решетка во рерната под печурките, или почекајте додека не завршат печурките.
Печете 10-12 минути, сè до златно кафеава боја.

Red Wine Roasted Mushrooms on Goat Cheese Garlic Toasts I howsweeteats.com

Извадете ги и оставете ги малку да се изладат, а потоа се додава козјо сирењето и печурките.

Red Wine Roasted Mushrooms on Goat Cheese Garlic Toasts I howsweeteats.com
Red Wine Roasted Mushrooms on Goat Cheese Garlic Toasts I howsweeteats.com