Направи сам/а

2 рецепти за вино од банани

Вино од банани:

Дали знаете дека, бананите се добри за вашето срце, поради содржината на натриум и калиум кои се најважните електролити во човековиот организам. 

За бананата да созрее потребна е една недела.

Рецепт 1. За овој рецепт да го направете ви е потребна скоро 1 година.  

Чекор 1. Излупете ги зрелите банани и ставете ги во тенџере со вода и варете додека не се постигне точката на вриење.  

Чекор 2. Од кога ќе зоврие, отстранете го тенџерето од оганот и ставете ја смесата во медицинска газа или можеби имате алтернатива, така што ќе висе на одредена висина, а под медицинска газа ставете кофа каде ќе се собира сокот.

Чекор 3. Оставете го сокот три дена да се олади. 

Чекор 4. Сокот истурете го во чист галон или туба, додадете лимонска киселина и вински квасец. 

Чекор 5. По еден месец прецедете во друг сад. Потоа, после 2 месеци и на крај по 6 месеци. 

Чекор 6. Додадете мед и флаширајте или сервирајте. 

Сепак, најдобро вино од банани е она кое е оставено повеќе од една година.

Рецепт 2. Брз и едноставен рецепт

Состојки: 

1 килограм бананти;

1 килограм шеќер; 

200 грама дробена пченица;

2 литри филтрирана млака вода.

Исто така потребни се:

Стаклен галон/сад;

темни шишиња;

темна просторија за складирање на галонот.

*За поголема количина зголемете ја дозата на сите состојки.

Што треба да направете е: 

да ги излупите, да ги испасирате бананите и да ги ставете во садот.

Додадете го квасецот и дробената пченица и ставете ги на темно место.

Откако ќе ферментира во текот на ноќта, додадете го шеќерот и млаката вода и оставете го уште 3 до 4 дена, со повремено промешување. 

По неколку дена филтрирајте со користење цедилка и флаширајте.