Винарство

Разлики помеѓу виоњие и шардоне

Разлики помеѓу виоњие и шардоне

Шардоне и виоњие се бели сорти со полно тело. При зреење во даб добиваат кремаста текстура, но ако се фокусираме на ароматичноста, таа им е сосема различна. Овие две сорти тешко се идентификуваат при слепа дегустација, но за среќа постојат неколку забележливи разлики со кои ја олеснуваат дегустацијата.

Ароми на шардоне – жолто јаболко и лимон

Една од најпрепознатлива овошна арома на шардоне е на жолто јаболко. Без оглед на тоа каде се одгледува оваа сорта, во аромата на виното речиси секогаш доминира жолтото јаболко или круша и лимон, понекогаш ананас.

dibujodelimonparaimprimiryellowapple

 

 

 

 

 

 

Ароми на виоњие – парфем и мандарина

Основните ароми на виоњие се доминирани од страна на цветни мириси на ружа и егзотичен парфем. Од друга страна, нагласена овошна арома е мандарината. Поради слаткиот вкус на мандарината, може да имате чувство на непчето како да е слатко вино, но виоњие е суво вино, без остаток на шеќер. Виоњие често вклучува и ароми на тропско овошје.

orig Tangerine

 

 

 

 

 

 

Разлики во вкусот

Шардоне, има тенденција да биде повеќе експлозивно на почетокот (нападно) и завршува со кремаста, солена нота, но ова исто зависи од грозјето каде е одгледувано.

Виоњие од друга страна, има многу помек старт кој гради масно чувство на средината на непцето и на крајот се осеќа мандарината која потсеќа на горчлива кора на цитрус.