Направи сам/а

Производство на ракија од вишна – вишновка

Плодовите од вишна најмногу се употребуваат за производство на разни сокови и други безалкохолни производи. Но, зошто да не бидат искористени “попаметно” за производство на алкохолниот пијалок како на пример, добро познатата вишновка ракија! Во последно време вишната прилично се шири и на тој начин се создаваат поголеми можности за производство на таква ракија. Постојат повеќе сорти, најпогодни се средно доцните (четврта недела на зреење).

Вишната содржи просечно 7.5 до 12.5% шеќер и 1.2 до 2.2% киселини. Семките просечно учествуваат со 7 до 8% .

Најчесто вишните не се гмечат и не им се вадат семките, туку се ставаат цели во садовите за ферментација. Најдобро е ферментацијата да се извршува во затворени садови поради можноста за развојот на оцетната киселина. Одма после завршувањето на ферментацијата, следува дестилацијата и најдобро е да се применува во текот на зимата, во тоа време се создаваат фини букетни материи, кои позитивно се одразуваат врз аромата и вкусот на ракијата. Дестилацијата се извршува во обични казани.

Вишновката најчесто се произведува со јачина од 40 до 50 % vol. алкохол.

За производство на квалитетна ракија од вишна со специјални ароматични својства, потребно е да бидат безбојни и да се чуваат во јасенови буриња или стаклени садови.

За повеќе вакви рецепти отворете го линкот.