почетна, Совети/Друго

Провртувањето на чашата е корисно додека дегустираме вино

Уживањето на виното доаѓа главно од аромите, па со провртувањето на чашата при дегустација му помагаме тие се ослободуваат.  За ова не е потребно константно провртување на чашата (само ако не е потребна тешка аерација), доволно е само ослободувањето на аромите пред првата голтка.

Дегустацијата на вино има три главни фази – секоја фаза е со помош на нашите сетила: поглед, мирис и вкус.

Провртувањето е меѓу првиот чекор, тоа е видот, визуелното набудување на виното и вториот чекор – мирисот, перцепцијата за мирисите на виното преку носот. 

Провртувањето на чашата е од голема корист во трите фази на дегустација:

Провртувањето на чашата ви дава време подобро да го набљудувате изгледот на виното

Боја. Бојата на виното дава едноставен, но важен показател за тоа што ќе пиете. Од оваа причина, винарите обрнуваат многу внимание на бојата на виното, за да се осигурат дека одговара на очекуваниот стил. Пример:

  • Темно црвено вино веројатно би било со полно тело, побогато и повеќе танично од бледо розово. 
  • Бледо жолтото вино генерално ќе прикаже посуптилни и полесни ароми отколку златно до кафеаво.
  • Вино со интензивно-розова боја се очекува да биде повеќе овошно отколку од цветно, бледо розово или лосос-боја. 

Провртувањето на виното ви овозможува едноставно да ја видите бојата подобро.

Нозе и вискозност. Со провртување на виното ви се дава прва индикација за дебелината или вискозноста на виното; односно неговата текстура. Густо вино, полно со танини или шеќер ќе има тенденција да се врти побавно околу чашата, лепејќи се на страните на стаклото. Кога ќе престанете со вртење, ќе приметите формирање на нозе или „солзи“ во чашата. Виното нозете ги формира од алкохолот, шеќерот и глицеролот (соединение во вино со мрсна текстура). Колку се погусти нозете, толку послатко е виното или повеќе алкохолно може да очекуваме да биде. 

Провртувањето драматично ги подобрува визуелните набљудувања на виното. Ова ментално ќе ве подготви во следните фази на дегустацијата со предвидување за каков стил на вино станува збор.

Провртувањето на чашата ги открива аромите на виното

Додека ја провртувате чашата со вино, аромите се концентираат на површината на виното. Кога ќе престанете веднаш мириснете го виното. Тогаш се откриваат максималната количина на ароми, така што ќе имате можност да ги мириснете сите суптилни нијанси и мириси. Овој феномен исто така објаснува зошто архитектурата на чашата за вино е толку важна. Во зависност од колку е широк или стеснет отворот на чашата, толку им е дозволено на аромите да се концентрираат во чашата или да избегаат од неа. На пример, на помоќните ароматични вина им се потребна поголема чаша со поширок отвор за разлика од суптилните вина. 

Провртувањето на чашата го аерира виното и подобрува вкусот

Провртувањето на виното во чашата ја зголемува површината на контакт со воздухот и создава малку меури во него. Воздухот е полн со кислород што се раствора побрзо во виното ако го вртите. Кислородот реагира со аромите во виното, генерално ги прави посвежи и поовошни. Покрај тоа, аерацијата има тенденција да ги смири дабовите и тревните ноти кои често не се ценети во виното. Ова остава простор сè друго да блесне.

Целото искуство за дегустација станува поразновидно и покомплексно, така што се откриваат многу различни вкусови. Едноставно кажано, виното има подобар вкус кога се врти чашата. 

На кој начин се прави провртување на чашата со вино? 

Правилниот вртеж се постигнува со држење на стеблото на чашата, со нежно и контролирано вртење на зглобот. Не држете ја целата чашата во рака бидејќи ова го загрева виното премногу брзо. 

Вежбајте дома со винска чаша и со вода за да избегнете лоши изненадувања. Еден мал совет: колку помалку вода истурете во чашата, толку полесно се вртете. Обидете се неколку пати и ќе видите дека движењето со текот на времето ќе дојде природно само по себе.