Совети/Друго

Почнете да го чувате вашето вино правилно

1. Температура – Студена и конзистентна
Топлината е непријател за виното, па затоа клучен момент е да го одржувате вашето вино на места каде што можете да ја одржите температурата студена и конзистентна. Како општо правило, вината најдобро се чува помеѓу 7 ° C и 18° C, при што 12,7 ° C се смета за идеалнa температура. Колку е потопло виното, толку побрзо ќе почне да старее. Ако се чува на температура над 21 ° C, вашето вино може да стане “зготвено”, што значи дека вкусовите и аромите почнуваат да стануваат рамни. Не чувајте го виното во вашиот фрижидер подолго од еден или два месеца; недостатокот на влага може да предизвика плутата да се исуши и да се пушти воздухот, а тоа ќе го уништи виното.

  1. Оставете гo вашeтo винo да се одмори –
    Однесувајте се кон виното како да се на одмор; оставете го да се одмори и да се релаксира. Чувањето на шишињата на место каде постојано ги подигнувате и ги движете може да предизвика побрзо стареење на виното и може да ги оштети вкусот и аромата. Исто така, формираниот талог на дното од шишето нема да го измешате во виното.
  1. Легнете го виното хоризонтално –
    Кога вината се исправени, тие прават одлична работа, покажувајќи ја својата етикета. Но, сега откога сте ги купиле, овие денови завршуваат. Под претпоставка дека вината имаат плутени тапи, легнете ги шишињата хоризонтално, дозволувајќи и на плутата да остане влажна, а со тоа ќе има природно дишење.
  1. Чувајте го виното на темно место –
    Светлината, особено сончевата светлина, може да предизвика предвремено стареење на виното и да го уништи. Постои причина зошто шишињата со вино се темно обоени; тие додаваат ниво на заштита од ултравиолетови зраци, помагајќи да се зачува нивната содржина.