Производство

Портокалово вино?

Портокаловото вино датира уште од 6000 година п.н.е. Винарите во тоа време користеле Qvevri, тоа се големи садови покриени со камења и запечатени со восок за да се спречи оксидација.

Портокаловото вино е направено од бело грозје.

Што го прави портокаловото вино да се разликува од белото?

За време на процесот, белото грозје се меша со пулпата заедно со лушпата и семки кои се недопрени и неуништени, се додека не се создади портокалова боја.

Во текот на самиот процес за производството, портокаловото вино се става во екстремно големи керамички садови и се остава да зрее од 4 дена до една година. Колку подолго ферментира виното во тие садови, толку повеќе портокалова боја може да се очекува на виното.

Важно! Во процесот не се вклучени портокали или други овошја!

Ова ја објаснува бојата, но што е со вкусот?

Портокаловото вино е познато по тоа што е природно, со оглед дека нема адитиви или дополнителни квасци кои се додаваат. Дивиот квасец кој е природно присутен, заедно со оксидација што се случува, му дава на портокаловото вино киселкост и nuttiness.

Еве ги најчестите ароматични својства:

Арома: ореви/лешници, смрека, дрвени чипсови, цитрус, лушпа од портокал, тропско овошје.

Вкус: сидер од портокал, овошно пиво, киселкост, суви танини, кора од портокал.