Винарство

Рачно, полуавтоматско и автоматско флаширање на виното

Постојат различни начини за флаширање. Рачно, полуавтоматски и автоматски.

1.Рачно полнење. Апаратите се составени од резервоар за вино и два или повеќе сифона за разлевање на виното во шишиња. Виното се преточува во резервоарот со гумено црево, што го спојува апаратот со садот во кој е сместено виното. Полнењето се врши така што, во шишето се поставува сифон во вид на издолжена цевка, што оди до неговото дно. Кога шишето ќе се наполни до потребната висина, сифонот се затвара. Овој апарат најчесто се користи за мал капацитет, неколку стотини на час, бидејќи одговараат за мало производство.

 

13183071_490494374475307_142365115_n 13220174_490493627808715_1112922751_n

Постојат и други апарати со соодветни славини. Славините можат да бидат двокраки или повеќекраки. Тие се поставуваат на излезниот дел на филтерот кој влегува во шишето преку неговото грло. Славината или револверот, е составена од повеќе излезни чепови, поставени на прстен со кружно вртење. Полнењето се врши прво на шишето со најниско поставен чеп. Кога шишето ќе се наполни со вино, се врти прстенот така што вториот чеп со шише се доведува најниско при отворената славина, при што се полни второто шише, а првото полно шише се доведува во повисока положба при затворена славина.

2.Полуавтоматско полнење. Овие машини имаат капацитет од 800 до 1200 шишиња на час и се подвижни или стационирани. Составени се од разлевач/резервоар ѕвонест, во кој доаѓа виното за разлевање. Тука се прикрепуваат 6 до 12 цевки, најчесто кружно распределени, преку кои виното се разлева во шишињата. Приливот на виното во разлевачот е регулирано автоматски, преку метална пловка во самиот разлевач. Шишињата се ставаат на платформата од разлевачот, така што славината влегува преку грлото во шишињата. При кружно движење на славините, тие се отвараат и виното влегува во шишињата.

Automatic Auger Filling Machine

3.Автоматско полнење. Тоа се машини со голем капацитет, 2000-3000 и до 8000 шишиња на час. Се користат од страна на модерно опремени винарски визби. Тие се снабдени со резервоар за прием на виното и голем број цевкести сифони за разлевање на виното. Истовремено се полнат повеќе шишиња. Кога ќе се наполни шишето до потребната висина и се изедначи со виното во резервоарот, сифонот автоматски се затвара со пливка или на друг начин. Шишињата се полнат така што во грлото да остане доволно простор за ставање на тапата.

dscn4437