Останато

Плута дефект на виното

Некои работи кои се доста важни за виното често знаат да бидат изоставени кај нас. Ретко се зборува и пишува. Затоа и неможе да се најде соодветен термин за истото, за жал… Една од тие работи е мани или дефекти на виното, за што и ќе пишувам во овој пост. Тоа се промени во виното што се јавуваат поради разни биохемиски, физичко-хемиски и физички процеси и евентуално поради некои туѓи материи во него.

Плута дефект е зараза или загадување кое се јавува во виното како последица од плутата со која е затворено шишето и нејзиното детерминирање, сorked wine или заразено вино од плутата. Некои ќе рече дека виното замирисува на тапа или има вкус на тапа/плута. Но, станува збор за нешто друго.

Кога се зборува за расипување од плутата, сигурно Ве асоцира на вино кое има мали честички од плута кои лебдеат на површината или по стаклото или пак за вино со вкус на плута. Но, не! Оваа зараза е предизвикана од присуството на хемиско соединение ТСА (2,4,6 – trichloroanisole) и тоа се формира кога природните габи кои живеат во плутата ќе дојдат во контакт со одредени хлориди кои се наоѓаат во средства или во некои продукти за стерилизација кои се употребуваат во винариите. Ако во винариите се користат заразени плути, виното станува расипано. Оваа габа тешко се искоренува. За таа цел, поголемиот дел целосно ја елиминираат употребата на средствата врз база на хлор.

КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ ВИНОТО Е ЗАРАЗЕНО?

Прво, доволно е да ја мирисните плутата веднаш штом се отвори шишето. Ако ви мириса сомнително, можете слободно да го вратите, бидејќи имате право на тоа.

89045929_452650c

Мирис! Расипаното вино дава исклучителен мирис кој е сличен на влажен мувлосан подрум, влажен весник или влажно куче.

wine_smells

Вкус! Виното е рамно кое ги отапува плодните и овошните карактеристики. Некои би рекле дека расипаното вино има адстрингентен вкус! Сепак, ваквото вино не е штетно за нашето здравје!