Винарство

Оксидација на виното – еден од поважните проблеми за винарите

Оксидацијата е процес кој е многу значаен за сите живи организми. Со други зборови речено, хемиска реакција која се јавува кога некое органско тело апсорбира кислород. Кога се зборува за оксидирано вино, се однесува на штетното влијание на воздухот, во бурето, шишето, па дури и чашата. Оксидацијата може да се случи и во околности каде контактот со воздухот е целосно спречен во виното, особено кога молекулите на некое ткиво ги отпушти претходно хемиски врзаните атоми на кислород и кога тие атоми на кислород дојдат во допир со соединенија кои одговараат за реакција. 

За разлика од она што било порано, денеска на оксидацијата се гледа многу поразлично во винарството. Со цел да се постигнат добри резултати, во текот на производството на вино, строго се контролира оксидацијата. Современиот начин на производство на белите вина обезбедува многу рана оксидација, со тоа што помалку стабилните фенолни соединенија се издвојуваат и можат да бидат елиминирани преку таложење, воедно и ќе се овозможи мирен и непрекинат тек на процесот зреење на виното. 

Кислородот е потребен за виното до одреден степен, особено за црвените вина, па затоа во производството многу се пази да вината имаат доволно кислород според потребите. 

Оксидацијата се смета за еден од поважните проблеми за винарите. Таа се јавува кога виното е изложено на воздух и кога го апсорбира кислородот и како мана се манифестира несакана промена на боја, мирис и вкус. 

Исто така, може да се јави во секое време во производство на виното, од ширата до зреење и стареење во шише. Со цел да се избегне, додека виното е во танк или во дрвено буре, нивото на сулфур диоксид се контролира постојано и по потреба се додава. Оксидирано вино нема свежина и овошност, има рамен тон и делуваат уморно. Белото вино пожолтува и стануваат помалку кафеави, додека црвените вина се поотпорни и поимуни на оксидација и тоа се должи на повисоката содржина феноли. Доколку и тие (фенолите) апсорбираат повеќе кислород, стануваат уморни, ги губат фините ароми, стануваат погруби и посилно го сушат јазикот и непцето.