Совети

Од каде доаѓаат вкусовите и аромите на виното?

Со едно прашање добиваме многу причини зошто виното мириса и има вкус на многу различни работи, а не само на грозје. Колку повеќе пиеме вино, толку повеќе почнуваме да забележуваме суптилен вкус на ванила, зачин, тутун, тропско овошје или океански воздух. Се разбира, при производство на вино не се додаваат морска вода и зачини, но како виното ги наследува овие вкусови?

Грозјето е неверојатно и деликатно овошје. Секоја одлука што ја донесува винарот во текот на процесот, од тоа како и каде ќе се одгледува грозјето, што ќе се случи со него после муљањето, сето тоа влијае на тоа каков вкус и мирис ќе има на крајот.

Потои изрека која вели: ДОБРОТО ВИНО ЗАПОЧНУВА УШТЕ ВО ЛОЗЈЕТО!!!

Добро земјоделство = добро вино и тоа е и прва фаза во која грозјето за прв пат доаѓа во контакт со елементите кои може да влијаат на крајните карактеристики на виното. Многу инсекти се важни за здравјето на грозјето, но веројатно никои не се поважни од пчелите. Како грозјето расте во лозје опкружено со растенија како што се дивите билки, цвеќињата и тревите, пчелите летајќи наоколу го дистрибуираат поленот и како зрее тие го апсорбираат суптилниот вкус кој е карактеристичен за овие растенија.

Елементот како што е воздухот исто така може да влиае врз вкусот на грозјето како расте. Во многу региони во светот, како Шпанија, Грција, белото грозје најчесто се одгледува на карпи во поглед на море. Како брановите удараат на карпите и имаат допир со солената вода, грозјето ја апсорбира добивајќи вкусна минералност и има вкус и мирис како свеж бриз.

По преминот на грозјето од лозјето во винаријата, одлуките на винарот што ги прави имаат најголем удел во севкупниот мирис и вкус. Како винарот ќе одлучи да го пресува грозјето,  дали ферментираното вино ќе го остави да зрее во сад од целик или даб, и колку време ќе го остави виното во него, тоа сето помага во пренесувањето на уникатните мириси и вкусови.

Сите овие фактори влијаат на вкусот и мирисот на виното и не е ни чудно што толку многу од нас чувствуваме различни карактеристики при мирисање и пиење на исто вино. Тоа е една од работите што го прави виното позабавно за пиење!