Лабораторија

Одредување рН вредноста на виното и ширата со пехаметар

Актуелен ацидитет или одредување на киселоста е исто така важно за точно детерминирање на моментот на берба. Вредноста се движи меѓу рН 2,5 – рН 3,8. Реалната киселост има големо влијание на квалитетот на виното. Користиме преносен пехаметар, кој што може да се користи надвор од лабораторија. Работи на едноставен принцип, така што го уклучуваме, го ставаме во чашка исто полна со шира и на екранот кој што се наоѓа на него се појавува вредноста. Го измиваме со дестилирана вода при секое мерење. Дизајнирани се повеќе видови на пехаметри, од поефтина и поскапа варијанта и може, истовремено и неопходно, да ги има во секоја лабораторија. Пехаметарот мора да биде ергономски и солиден.