Лабораторија

Одредување на содржината на шеќерот во ширата со Екслов широмер

Широметар влегува во физички метод за одредување на шеќерот во ширата. Постојат повеќе широметри, од кои најмногу ги има во употреба: Бабовиот, Ексловиот и Салероновиот широметар.

Екслов широмер е составен од една затворена стаклена цевка, во долниот дел проширена од топчест резервоар, во кој се наоѓа жива која му дава стабилност на широмерот. Во горниот дел таа е стесната и е означена со скала на епсилови степен, најчесто од 50 до 130. Во проширениот дел има термометар за отчитување на температурата. Овој широмер ја мери густината на ширата, со помош на таблица, се пресметува процентот на шеќерот во ширата. Ексловите степени ја означува густината на водата при 4˚C и густината на ширата. Скалата главно е баждирана за температура од 15˚C. Ако температурата е повисока или пониска, во тој случај вршиме корекција. При висока за секој 5˚C додаваме по еден екслов степен и обратно. За анализа, пожелно е да биде доволно избистрена ширата, па потоа да се тури во стаклени цилиндри. Широмерот го спуштаме многу внимателно, чекаме да се смири така што нема да ги допира ѕидовите на садот односно, цилиндарот. Потоа ги читаме ексловите степени. Ја читаме и температурата на ширата и доколку има разлика, вршиме корекција.  Додека за тежина на грозје, најмногу се практикува мерење на промена на 100 зрна од сортата и кога ќе регистрираме престанок на тежината и обемот на зрното тоа е показател дека грозјето е зрело. Преку овој метод ја набљудуваме секојдневно содржината на шеќерот во ширата се додека не заврши ферментацијата. 

  пред ферментација / после ферментација