Винарство

Нозе или солзи на чашата со вино

Нозе или солзи на чашата со вино. Што претставуваат?

Нозе или солзи на чашата со вино. Што претставуваат?

За почеток да расчистеме нешто, нозете или уште познато како, солзите од виното кои се забележуваат на чашата при провртување не се толку важни. Некои сметаат дека овие нозе се однесуваат на квалитетот на виното, сладоста или вискозноста. Но, не е така! Тоа се капки кои се формираат во внатрешноста на чашата, тие се индикатор за количеството на алкохол во виното, како и на екстрактот на грозје и се забележани најлесно во вино кое има висока содржина на алкохол.

Феноменот наречен солзи или нозе на вино се манифестира како прстен на јасна течност, во близина на врвот на една чаша вино, од кои капки постојано се формираат и се враќаат назад во виното.

Нозете се производ од едноставниот факт дека алкохолот во виното испарува побрзо од водата. Ова се нарекува Марангони ефект. Алкохолот исползува нагоре по чашата како испарува, но бидејќи на врвот има вода, го враќа назад. На крајот победува гравитацијата, површинскиот напон на водата е скршен, и водата тече надоле, како солзи. Колку повеќе алкохол содржи виното, толку повеќе нозе ќе има на чашата. Некој ќе се обиди да процени колку алкохол има во виното, но и тоа не е важно, бидејќи содржината на алкохолот веќе се наоѓа на етикетата. Патем, ако имате затворено шише вино, ќе видете дека оваа појава не се случува! Тоа е затоа што испарување нема. Испарувањето е клучот за тоа зошто се појавуваат солзи или нозе.