Совети/Друго

Најскапата сорта на грозје Ruby Roman во светот вреднa 10.000 долари за 1 грозд

Постојат стотици сорти на грозје кои се одгледуваат во Јапонија, но само една е толку посакувана што може да се продаде за неколку стотици долари по зрно. Ruby Roman, најскапата сорта на грозје е пронајден во Префектура Ишикава, Јапонија и се смета за едно од најскапите овошја во светот.

Приказната за Руби Роман започнала во 1995 година, кога производителите на грозје од Ишикава апелирале до префектурниот земјоделски истражувачки центар да создадат голема сорта на црвено грозје. 400 експериментални лози биле засадени во тест поле, а две години подоцна, тие почнале да раѓаат плод. Сепак, од 400 лози, само 4 испаднале како црвено грозје, а само едно од нив било доволно големо кое ги исполнувало очекувањата на земјоделците. Во текот на следните 14 години, научниците селективно ја одгледувале оваа сорта на грозје, подобрувајќи ја нејзината големина, вкус, боја и леснотија на одгледување, а денес најскапата сорта на грозје Руби Роман се смета за „богатство на Ишикава“.

Во 2008 година, откако го направи своето комерцијално деби, Ruby Roman бил продаден за 10,000 јени (910 долари) на аукција. Нејзината репутација за најскапа сорта во светот била зацементирана осум години подоцна, кога еден грозд бил продаден за неверојатни 1,1 милиони јени (11,000 американски долари), или приближно 370 долари по зрно.

Името Ruby Roman се користи за да се опише најразлично грозје, за волја на вистината, секој грозд мора да исполнува многу строги стандарди за да биде достоен за името. На пример, секое зрното мора да тежи најмалку 20 грама и да има содржина на шеќер од најмалку 18 проценти. Исто така, постои премиум класа на Ruby Roman, кое има уште построги стандарди. За да се добие етикетата Премиум, Ruby Roman зрното мора да тежи над 30 грама, а гроздот мора да биде тежок најмалку 700 грама. Со други зборови, тие мора да бидат совршени.

Грозјето Ruby Roman неможе лесно да се купи, при што повеќето гроздови се достапни само преку аукции, но Премиум Ruby Roman се исклучително тешки за откривање. На пример, во 2010 година, само шест гроздови биле премиум, додека во 2011 година немало гроздови премиум квалификувани.

Според официјалната веб-страница на Ruby Roman, оваа сорта на грозје има многу мала киселост и екстремно висока содржина на шеќер и сок.