Лозарство

Најважниот момент на виновата лоза и негова детерминациja

Еден од најважните моменти во годишниот животен циклус на винова лоза е почетокот на зреењето, кога грозјето се претвора од зелено во црвено, односно ја менува својата боја и природно почнува да се засладува. 

Впрочем, станува збор за физиолошката фаза прошарок (veraison), многу важна точка во годишниот животен циклус на винова лоза и тоа е кога лозата го менува фокусот од создавање енергија (преку фотосинтеза) до потрошувачка енергија, така што својата енергија ја концентрира во правење слатко грозје. Променливата боја (антоцијанин) и развојот на други полифеноли делуваат како заштитници на грозјето од сонце, ветер и други стресови. Овој процес трае од 30 до 70 дена, потоа е подготвено за правење вино. 

 

Пред прошарокот грозјето е: тешко, мало, кисело и зелено поради присуството на хлорофилот. 

Кога настапува процесот, лозата започнува да ја насочува својата енергијата од коренот кон грозјето. Хлорофилот се заменува со антоцијани (кај црвеното грозје) или каротеноиди (кај белото грозје), шеќери и други хранливи материи. 

По завршувањето на фазата, грозјето почнува драматично да ја зголемува својата големина и почнуваат да се развиваат ароматичните соединенија. Исто така, во тој момент, нивото на киселините почнува да опаѓа а нивото на шеќерот се зголемува. Друга карактеристика која се користи за проценка дали процесот е завршен е цврстината на бобинката (зрното) и особено важна за набљудување на белото грозје. 

Прошарокот трае се додека грозјето не добие совршен баланс и биде подготвено за берење. 

Оваа фаза е претставена на слика 3.