Совети/Друго

Мирис или вкус? Што е поважно

Вкус или мирис?! Ова е една од поважните аспекти на консумирање вино, но за жал многумина од нас го занемаруваме. Што е уште поважно кога станува збор за дегустација на вино? Пред да го прочитате текстот, што вие мислите, што е поважно?

Прво да видеме што всушност се вкусот и мирисот, кои се нивните цели и како тие функционираат. Ова исто така може многу да ви помогне за да го извлечете максимумот од вашето следно дегустирање.

ВКУС

Вкусот е резултат на тоа како нашата уста комуницира со виното што го консумираме. Поделено е во две најголеми сензорни групи: Едната наречена „вкус“, а другата наречена „чувство во устата“.

‘Вкусот’ е резултат на нашите пупки за вкус во интеракција со виното. Ни овозможуваат да препознаеме профили за вкус како што се слатко, кисело, солено, киселина, унами и горчливо. Втората варијабла, „чувство во устата“, се однесува на сензациите што можеме да ги почувствуваме од нервните завршетоци околу устата и јазикот. Овие ни овозможуваат да разпознаеме температура, зачестенос, тело и допир.

МИРИС

Обично, мирисот на вино го нарекуваме како „букет“ или „арома“, но со едноставни зборови, сите мириси се форма на олфакција ( соединенија што лебдеат низ воздухот сè додека не ги вдишеме со носот или устата).

Постојат два начина со кои можеме да мирисаме олфакција. Првата е преку нашите ноздри, а втората е преку нешто што се нарекува ретроназална празнина која се наоѓа на задниот дел од грлото.
Потоа, дел од мозокот наречен „лимбичен систем“ е одговорен да ја собере оваа олфакција и да ги “преведе” во она што го нарекуваме „мирис“. Бидејќи овој дел од мозокот е исто така одговорен за емоциите и сеќавањата, не е невообичаено за нас да асоцираме разни спомени од миризбите и да произведуваме чувства на носталгија.

Па, што е поважно? Вкус или мирис?
За да дојдете самите вие до одговорот има мал тест што можете да го направите. Сè што ви треба е клип за нос.

Ставете го клипот над носот и истурете си чаша вино. Набудувајте ја бојата, провртете, а потоа земете голтка и превртувајте ја околу устата. Запамтете или запишете си што сте добиле од виното. Повторете го овој чекор повторно но овој пат извадете го клипот за носто. Забележувате огромна разлика?

Кога ја отстранувате можноста за мирис, вкусот на виното е минимален. Кога ќе ја вратите моќта на мирисот, вкусот на виното е силен. Разликата е неспорна.

И покрај нашата перцепција за тоа колку е моќен нашиот јазик кога разговараме за вкус, тој е навистина мал, во споредба со нашата способност за мирисање. Безброј студии покажаа дека повеќето од она што го сметаме за вкус, всушност, произлегуваат од нашата способност за мирие; истражувачите проценуваат дека 80% од вкусот всушност потекнува од нашата способност за мирис.

Останатите 20% секако го комплетираат вкусот, при што јазикот може да го почувствува допирот, зачинетоста, киселоста и сладоста на виното. Но, мирисот е тој што го прави поважниот дел од работата и затоа е најважниот фактор кога консумираме вино.