Направи сам/а

Лесен рецепт за вино од вишни во домашни услови

Лесен рецепт за вино од вишни во домашни услови

Прв и најважен фактор за производство на вино од било какво овошје, е хигиената. Мора да бидат чисти и суви садовите каде ќе се извршува целиот процес, па и останатиот дел од опремата. Во спротивно виното може да го изгуби својот квалитет целосно. Просториите каде се чува виното мора да биде наменета само за тоа, а не каде има нафта, разни материи, средства и така натаму… Идеално место за чување е во подрум каде би се постигнала потребната температура. Трба да биде суво и ладно и да се одржува температура од 10 до 14 степени. Воздухот треба да биде чист, бидејќи виното е мнооогу осетливо и може да прима мириси од околината. Ако не можете да му ги обезбедите овие услови на виното, подобро да не почнувате! 🙂

Производството започнува со собирање на плодот (вишни или цреши) и нивно гмечење. Не ви е потребен никаков муљач, бидејќи станува збор за мала количина. Се гмечат со раце. Сокот се собира во чист сад и се остава ден-два да се таложи. Сокот после тоа се преточува во друг сад. Во меѓувреме 20 грама на литар квасец го раствараме во топла вода, го оставаме да се надигне и да се излади. Го додаваме во виното и го оставаме да ферментира.

Можете да додадете сок од аронија за појака боја и гроздов концентрат за посладок вкус. Во текот на ферментацијата важно да се направи анализа на киселини, шеќер и pH вредност. Наредниот ден додаваме 20 грама на литар Fermaid Е. За аромата се додава пвпп (pvpp) и по два часа бентонид за бистрење. Од кога ќе добиеме бистра течност, односно вино, додаваме калиум сорбат како конзерванс. И виното е спремно да пиење со претходно флаширање, секако.