Винарство

Што е и како се прави леденото вино

Ледено вино (или icewine; германски: Eiswein) е едно од најистакнатите и најинтересните видови вина во светот. Но, како се прави? 

Со наближувањето на зимата, винарите од Германија и Северна Америка со нетрпение го очекуваат доаѓањето на студот. Можеби ви изгледа малку парадоксално, но зимата е омилена сезона за многу винари ширум светот. Причината за ова е дека ниските температури дозволуваат да се собере една нестандардна, но исклучително плодна реколта – онаа на замрзнатото грозје.

Ледено вино од зрело замрзнато грозје!

Леденото вино се произведува од зрело грозје кое е замрзнато на температура од -7°С, додека е уште на лозата. При температура под -7°С водата во грозјето се замрзнува, но екстрактот на виното, шеќерите, винска киселина и аромите се задржуваат.

При внимателно пресување на замрзнатото грозје, ледената вода останува во пресата и со виното се исцедува многу мала количина високо концентриран вински еликсир. Се проценува дека поради оваа висока концентрација леденото вино е исклучително слатко. Всушност, тоа не е само многу слатко, но и многу горчливо. Тоа е затоа што, меѓу високата концентрација на шеќери во него има и голема концентрација на винска киселина.

Високата концентрација на шеќерот и киселините го прават виното уникатно и неслучајно е едно од најскапите вина во светот. 

Производството на ледено вино е доста ризично и бара достапност на голема работна сила за да се собере целото грозје за неколку часа, особено наутро кога е ладно. Ова резултира во релативно мала количина ледено вино.