Корисни трикови што треба да ги знае секој љубител на вино
January 9, 2020
Како да отворете шише со вино без да користете специјален отварач
Користете пенкало за да ја турнете плутата целосно во шишето Земете лента, направете ја во форма на U и ставете ја во шишето така што ќе дојде под плутата Со едната рака држете го шишето, со другата лентата Силно влечете ја лентата нагоре се додека не излезе плутата.
Како да го задржете белото вино ладно
Завиткајте го шишето во влажна хартиена крпа и ставете го во замрзнувач 10 минути.Ставете го вашето вино во кофа со мраз и сол за брзо да се олади. Солта ќе ја намали точката на замрзнување на мразот и ќе предизвика температурата на шишето да се намали.Користете замрзнато грозје наместо мраз така ќе го зачувате виното од разводнување.
Како да го чувате виното откога ќе се отвори
Не чувајте црвено вино на температура над 20 степени. Избегнувајте прозорци и изложеност на сонце. Повторното затварање на шишето со остатокот вино и складирање во фрижидер е добро и ќе го задржи виното свежо но само од 3 до 5 дена. Истурете го остатокот на вино во садови за коцка мраз и замрзнете го, ќе го искористите додека готвите.
Како да отстранете црвени дамки од вино
Додека дамката е сè уште влажна, истурете млеко врз неа и оставете да се впие. Дамката треба да исчезне за еден час.Веднаш откако ќе се истури виното, покријте ја дамката со сол и оставете ја да ја абсорбира дамката. Потоа измијте ја солта.Ако вашата дамка е сува, покријте ја со крем за бричење, а потоа измијте ја во машината за перење со топла вода.