Винарство

Кои соединенија се виновни за овошната/цветната/хербалната арома на виното

Естери: Овошни и Цветни ароми:
Естерите во виното доаѓаат од киселините. Тие се ароматични, овошни соединенија во виното, формирани за време на ферментацијата, малалактичката ферментација (MLF) и стареењето. Повеќе за естерите можете да најдете на линкот!
Јаболко: Шардоне
Малина: Гренаш

Пиразин: Хербални ароми
Пиразин е ароматично органско соединение кое има мирис на зеленчук. Исто така, тоа е едно од основните соединенија на аромата во чоколадото и кафето.
Повеќе за пиразинот можете да најдете на линкот!
Пиперка: Каберне Франк
Трева: Бел Совињон

Терпени: Роза и Лаванда
Терпените се есктремно интересни соединенија кои се наоѓаат секаде во природата. Во виното, тие може да мирисаат од слатко и цветно до смолесто и хербално. Фамозните Мускат и Ризлинг се сорти на грозје кои содржат најголемо количество на терпени.
Роза: Мускат Бланк
Лаванда: Гренаш итн.

Тиоли: Слаткогорчливо овошје
Тиолот е органосулфурно соединение и се смета за меч со две острици. Само со вистинската количина виното ќе добие овошен мирис. Додека, виното со преголема колинина на тиоли се смета за дефектно вино и може да има мирис на расипан лук.
Повеќе за тиолите можете да најдете на линкот!
Грејпфрут: Бел Совињон
Црна рибизла: Каберне Совињон, Мерло итн…