Останато

Кои грешки ги правете со вашето вино

Кои грешки ги правете со вашето вино

Сите ние правеме грешки, но служењето и пиењето вино не е толку тешко за да неможете да ги отстранете истите – отварање на шишето, ставањето во чаша и пиење. Во овој пост се наведени најважните грешки и совети како да го служете вашето вино, а воедно уживањето биде уште поголемо.  

1. Држете ја чашата правилно. И покрај тоа што вам ви изгледа дека е поудобно и пологично чашата да ја држете со цела дланка на дното од садот, тоа не е добро за вашето вино. Причината зошто чашата има дршка е токму поради тоа да се избегне топлината која ја пренесуваме,а со тоа и промената на мирисот и вкусот и така виното во чашата ќе остане подолго време ладно. Исто така, овој начин на држете ќе ви ослесне да полесно ја провртувате чашата додека дегустирате. 

2. Служете го виното, особено белото на идеална температура. Причината зошто треба да се служи виното на соодветна температура е тоа што таа може драматично да влијае на вкусот и мирисот. 

Ова се трите општи правила кои треба да ги знаете: 

Пенливото вино треба да се служи мраз ладно – од 6 до 8C.

Белото и розе виното треба да се служат ладни – од 8 до 14С.

Црвеното вино треба да се служи од 15 до 19С.  

3. Не декантирајте предолго. Сите вина од кога ќе се отворат прво треба да се декантираат околу 30 минути, па да почнат да се пијат и уживаат. Декантацијата значи да се преточи во друг сад или декантер, кој што може да се најде по маркетите. Целта е на виното да му се овозможи кислород, кој што може да биде од корист за подобрување на аромите и за омекнување на виното. 

4. Купете го правото вино. Ако видете во маркет вино на полица кое стои исправено под силна светлина, тоа не е исправно како треба да се чува виното. Купете го виното кое стои на темно и ладно место, бидејќи тоа е најдобар начин како би се осигурале дека вашето вино ќе трае подолго.