Останато

Како да ја отстранете скршената плута од виното

Како да ја отстранете скршената плута од виното

Дали ви се случило некогаш при отварање на шишето да се подели плутата и дел од неа да падне во виното? Сигурно. Застрашувачки звучи ако тоа вино сте го чувале за специјална прилика и баш тогаш се случи. 🙁 Најчеста причина е несмасното отварање. Во друга прилика плутата ќе се скрши ако е сува. Ова е причината зошто виното треба да се чува во соодветни услови или пак истото може да биде спречено ако виното барем во текот на денот го чувате хоризонтално. Иако најдобро е цело време. Сувата плута исто така ги зголемува можностите да виното биде изложено на кислород. Тоа е затоа што кога плутата е сува, таа се собира и оваа оксидација е лоша за виното.

Значи, што да направите ако плутата се скрши и падне во виното. Прво ќе земете чиста цедилка и чаша. Откако ќе го преточите виното во чашата преку цедилката ќе забележете ситни гранули. Следно, земете филтер за чај или кафе. Тоа се тие ќесички кои ги имаме сите дома.

HTB1fybqHVXXXXcjXXXXq6xXFXXX1

Значи, ако ви се случи ова, фрлањето на виното не е единствена опција. Тоа е последно нешто што треба да го помислете. Филтер хартијата или ќесичката е одлично решение.

Складирањето на виното е подеднакво важно како и соодветните техники за отварање на шишето. Секогаш чувајте го хоризонтално!