Совети/Друго

Совети како да купете квалитетно вино од маркет

Сите ние заслужуваме да пиеме добро вино, но одбирањето и ставањето во кошница првото нешто што го фаќа нашето око на полицата често може да доведе до големо разочарување. Со овие 6 чекори или совети може да го започнете вашето патување кон одбирање на вино кое ќе ве направи среќни. 

  1. Секогаш читајте ја задната етикета од шишето. Убавиот изглед на шишето или етикетата, понекогаш не значи дека виното има добар вкус. Пред да го ставете во кошницата, секогаш вртете го шишето на задната страна и читајте ја таа етикета, која нуди богатство од информации кои може многу да ви помогнат во одбирањето на вино.
  2. Направете си белешки за регионите и сортите во кои уживате. Ако ви се допаднало некое вино кое сте го пробале некогаш, прво што треба да направете е да направете забелешка, не само на неговото име, туку и на регионот каде е произведено тоа вино и од која сорта грозје. Тоа е најважно! Овој совет многу ќе ви помогне во изборот на вино во маркетот каде пазарувате. 
  3. Не паѓајте на маркетинг лесно. На пазарот се користат многу различни термини со цел да се привлече повеќе внимание кај потрошувачите, а тоа што треба да знаете кој термин може да биде точен а кој лажен. Стикери и налепници на кои пишува: ‘Winemakers Selection’, ‘Reserve’ и ‘Grand Reserve’ немаат официјално значење. Вашиот избор не смее да се базира врз овие зборови. 
  4. Разгледувајте ги полиците подалеку од висината на очите. Не е тајна дека некои брендови или винарии плаќаат повеќе пари за да се ставаат нивните вина на висина на очите на полиците. Без разлика дали сакаме да признаеме или не, ние сме мрзливи и обично се фаќаме на она што најдобро изгледа, а воедно да е во најлесен дофат, особено кога сме имале напорен ден. 
  5. Не паѓајте на попусти. 
  6. Искористете ги предностите на технологијата. Постојат многу апликации и веб страни кои се направени да можете да откриете ново вино полесно. Таквите апликации ќе ви овозможат да најдете сè, од белешки од дегустација до препораки од милион љубители на вино од целиот свет, па дури и кога ќе бидете во можност истото да падне во ваши раце.