Лозарство

Како годините влијаат на лозата?

Дали некогаш сте се запрашале: 

  • Што е подобро – стара или млада винова лоза?
  • Која е разликата помеѓу нив?
  • Кога лозата започнува да дава грозје што е најдобро и најквалитетно за правење вино?

За повеќето сорти на Vitis Vinifera потребни се од 3 до 5 години да добијат грозје. Иако тие се навистина млади, тие можат многу да бидат погодени од климата. Големите количини или недостигот од вода, лошите временски услови како суви ветришта и / или град  ќе ја спречат виновата лоза да произведува грозје. 

Повеќето од производителите на вино се согласуваат дека од 40-тата година на нагоре лозите постигнуваат најдобар и најстабилен квалитет … Кој би претпоставил, нели? 

Ова се случува бидејќи во тој момент корените на лозите се прилично длабоки и постигнааат рамнотежа меѓу растењето на “зелените делови” и овошниот дел и сите делови се израснати и  адаптирани на климата и тие само се фокусирани на добивање квалитетно грозје… исто како пар кој планира да има деца. Повеќето од нив бараат економска стабилност, се преселуваат во убаво училиште, прво зимаат убава и удобна куќа, па така… лозата се населува во делот на лозјето, расте убави длабоки корени, дебели стебла и здрави гранки за да носат добра количина на грозје подоцна. 

Разликата меѓу старата лоза и младата лоза 

Длабочина на корените (1 наспроти 7 метри под земја) 

  • Младите лози имаат тенденција да апсорбираат колку што има вода и затоа имаат повеќе воден стил на вино или воопшто не можат да зреат ако немаат доволно влага.
  • Старите лози имаат постојан квалитет во текот на годините и произведуваат грозје дури и во суви години. 
  • Лозата може да се опише како стара лоза откако ќе ја помине 60 годишната марка. 
  • Комплексноста додадена од почвите, колку е подлабоко, толку повеќе почва, што значи дека имаме различни минерали во почвата, што подоцна ќе се претворат во различни вкусови и ароматични соединенија во виното.

Едноставно, ако го земеме фактот дека типични лози може да произведуваат грозје до неверојатни 120 години, нивните приноси постепено ќе се намалуваат со текот на времето, што значи дека ќе се произведе помалку грозје. Како што старее лозата, насоката на производство се менува, така што приносот на грозје се намалува, но со многу повисок квалитет. Ова значи дека постарите винови лози ќе произведат грозје што е поинтензивно и концентрирано, а со тоа се  добиваат извонредни вина. Покрај тоа, корените на лозата продолжуваат да се шират во почвата. Бидејќи корените копаат подлабоко, тие се во можност да пристапат до цела низа хранливи материи, а тоа ќе влијае на профилот на вкусот и квалитетот на грозјето.

Колку стара може да биде лозата?

Се вели дека лозите може да стареат повеќе од 120 години, иако тие кога се постари од 100 години, нивниот приносот станува навистина низок, до точка што, не само што е непрофитабилно, туку и несигурно дали воопшто ќе расте грозје. Тоа е главната причина зошто тие понекогаш се толку скапи. 

Најстарата винова лоза во светот се вели дека е постара од 400 години и е во Словенија и е вклучена во Гинисовата книга на рекорди!