Интересни факти за виното
Интересни факти за виното
Мирисот на младото вино се нарекува арома, созреаните имаат поинаков мирис – буке.
Дегустацијата на вино главно се состои од мирисање на виното, жените се тие кои имаат поизострено сетило за мирис и најчесто се тие кои се подокажани дегустатори на вино.
Дегустаторите на вино ја провртуваат чашата со цел да испаднат сите ароми од виното, но за да задржат во неа, чашата во која се служи, треба да се стеснува на врвот и најдобро е да се наполни само една третина. Колку е потенка, толку е подобро. Голтката во устата треба да остане неколку секунди и голтенете ја или исплукајте ја. Виното ако е добро, вкусот ќе остане во уста подолго, ако е просечно, брзо ќе исчезне.
Кога вино и храна се комбинираат, тие произведуваат трет вкус кој е различен и од виното и од храната.
Не постои правилен или неправилен начин за држење чаша вино, единствено треба да се држи на долниот дел а не за садот. Температурата на телото преку раката ја зголемува температурата на чашата. Виното секогаш треба да биде ладно што е можно повеќе.
Од еден тон грозје се произведуваат 60 пакети вино или тоа се 720 шишиња. Едно шише вино содржи околу 1 килограм грозје.