Останато

Разговор со Драган Рангелов – енолог по професија и во душа

Драган Рангелов е еден од најпознатите и најпрестижните енолози во нашето поднебје и пошироко, тој е препознатлив по својот стил на производство на вино и со секоја испиена капка ќе ги препознаете трудот и љубовта кон оваа професија. 

1. Како и од кога се појави љубовта кон оваа професија како енолог?

Љубовта кон оваа професија се појави во гимназијалските денови, по препорака и убедување од страна на покојниот професор по хемија Живко.  

2. Каде ги завршивте вашите студии? 

Моите студии ги завршив на Земјоделскиот Факултет во Земум – Белград СФРЈ. 

3. Што е најважно за производство на вино?

За производство на вино најважни се: 

Добар тероар, добра квалитетна суровина на винско грозје, навремена берба, добро познавање на позитивната енолошка пракса, пратење на новите технолошки правци во производство на вино, користење на квалитетни енолошки средства, многу работа, работа работа, безпрекорна ангажираност на целокупниот тим, сакање на работата и посветеност….. 

4. Што ви се допаѓа најмногу во оваа работа?

Во оваа работа најмногу ми се допаѓа секојдневната ангажираност, посматрањето како се ствара еден квалитетен продукт со кој уживаат многу љубители на в
ино. 

5. Кој е најтешкиот дел во производство на вино?

Најтешкиот дел во производство на вино е неконтролираната берба, неквалитетната суровина и производство на вино за непознат пазар. 

6. Кое е вашето омилено вино што сте го направиле и зошто?

Секое вино кое се наоѓа на масата на консуматорите за мене е омилено, неможам да ги поделам по омиленост. 

7. Koja е вашата цел што сакате да ја постигнете како енолог?

Секоја нова берба е предизвик, целта е препознавање на потенцијалните ризици и нивно благовремено превенирање за добивање квалитетни производи кои се препознаваат на пазарот и винскиот бизнис.  

8. За луѓето кои сакаат да знаат повеќе за производство на вино, што ќе им препорачате?

Би му порачал пратење на технолошките правци и новитети, сакајте си ја професијата, ако не немојте да ја работите.