Производство

Дрвени вински садови кои се користат во винарството

Употребата на дрвените садови кои се користат во винарството била уште пред многу години, но денеска поради нивната пократкотрајност и тоа што се скапи, заменети се со бетонски или со метални садови.

Related image

Дрвените вински садови се изработуваат од даб, костен, јасен, багрем и од други видови дрва.
Најквалитетно и долготрајно дрво кое се употребува во винарстово како вински сад е дабовото дрво, односно планискиот даб кој е од суви терени, поради својата цврстина и своите ситни пори, со што се зголемува трајноста и обезбедува подобро зреење и добивање на поквалитетни вина. Винскиот дрвен сад од дабово дрво трае просечно 50 години.

Дабовите даги и иверки најдобро е да бидат подготвени од дрво кое било сечено во јануари и февруари и тоа сечено со цепење и сушено 2 години. 

Related image

Јасеновото е помеко и пократкотрајно. Погодно е за чување на вино што не смее да претрпува промени во бојата.

Image result for ash cut tree

Багремот е цврсто дрво и од него се изработуваат мали садови погодни за транспорт.

Image result for black locust

Четините пак, имаат помеко дрво и пократкотрајно и виното кое се чува во него има можност да прими мирис на смола.

ВИДОВИ ДРВЕНИ САДОВИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ВИНАРСТВОТО

Буриња – мали дрвени садови, со зафатина најмногу 1.000 l. Најчесто се изработуваат во валчеста форма. Погодни се за одгледување на висококвалитетни вина.

Бочви – слични на бурињата, но може зафатнината да достиге повеќе од 1.000 литри, дури повеќе од 100.000 литри. Се изработуваат во валчеста или елипсовидна форма. Втората има предност поради тоа што зафаќаат помал простор во визбата, постабилни се и од нив се добива поголемо количество на бистро вино. 

Бочвите служат за различни цели, главно за чување на виното. Во нив може да се врши ферментација на бели и црвени вина, како и за зреење на виното. 

Каци – тие се во форма на пресечен конус. Служат за одгледување на виното, чување на комината и за ферментација.