Лозарство

Дали може технологијата да го замени талентот на винарите?

Со години веќе слушаме за интернет на нештата или IoT (Internet of Things) и за тоа како секој уред ќе биде поврзан на Интернет. Според технолошко истражување, оваа година бројката на уреди приклучени на IoT ќе достигне дури до 21 милијарди. IoT решенијата можат да им помогнат на лозарите и винарите подобро да ги контролираат варијаблите на животната средина и да се има поголем увид во процесот на производство. Тоа вклучува: одредување на вистинското време на жетвата, подобрување на ефикасноста на лозовите насади, производство на вина со повисок квалитет преку анализа на податоци во реално време, препораки за прецизност, да ја подобрат ферментацијата, флаширање, итн. Значи, кога ќе слушнете за сите овие работи што овозможува IoT и дека веќе е во рана фаза во винарството, што навистина ви значи тоа? Дали ќе се одземе целиот талент на винарот од равенката? Воопшто не. IoT ќе помогне само во координирањето и оптимизирањето на некои елементи на равенката.

IoT се однесува на мрежа што ги поврзува различните нешта и луѓето преку интернет со дел да собира и споделува податоци. Примери на IoT се паметни уреди поврзани со интеренет; микробранови што можат автоматски да се вклучат од мобилна апликација, автомобили што преку интернет откриваат предмети пред нив и ги пријавуваат итн. Во суштина, сите уреди со сензори што можат да се поврзат на интернет или да споделуваат податоци, да бидат контактирани или нешто друго, може да се наведат како IoT уреди. Во земјоделството и винарството, IoT се користи за различни намени од кои неколку споменавме погоре во текстот.

Internet of things во лозарството

Произведувачите на вино мора детално да се соочат со реалноста за справување со мајка природа; не секој ден ќе донесе совршени услови за лозјето. А коа е светлата страна? Технологијата отвара нови патишта со цел да се оптимизира преносот базиран на услови кои лозарите не можат да ги променат и контролират, како и собирање податоци за животната средина, како што се температурата, влажноста на почвата, врнежите, брзината на ветерот и сонцето. За сите овие услови производувачите можат да инверстираат во сензори кои ќе ги следат состојбите во реално време и да донесуваат одлуки врз база на собраните податоци. Покрај тоа, инвестирањето на IoT системот ќе даде огромна вредност во однос на оптимизирање на секојдневните активности како на пример: намалување на трошковите за работна сила, но исто така и на спречување на катастрофално оштетување на лозјето од штетници и болести.

Многу различни сензори се создадени специјално за употреба во земјоделството. Со IoT лозарите можат да отстапат од календарот и да започнат со користење на сензорите за наводнување на почвата а со тоа и прецизно лозарство. Исто така може да се инсталираат сензори за влажност, врнежи и влага на листовите со тоа што ќе се разбере климата во секој момент и да се утврди како одреден ден може да влијае врз растот. Производителите можат дури да инсталираат и хиперсензитивни сензори на микроклима над лозјата и за секоја зона да се прочита климата и изложеноста на сонце. Новите лозари, а и оние кои сакаат да ги прошират своте сорти можат да ги оптимизираат полесно своето садење, култивирање и берба со учење од резултатите на другите лозари со користење на податоци. Сето ова може да го подобри растечкиот принос и истовремено да се обезбеди квалитет на грозјето.

Internet of things во винарството

Лозарството не е единствената примена на IoT. Многу сензори може да се користат и во винарските визби. Потребни се три основни контроли: светлина, влажност и температура. Виното додека старее во бурињата или шишиња може да биде изложено на минимална светлина, а таа варира според типот на вино. Влажноста и температурата на подрумот, исто така, мора да останат конзистентни – влажноста е најдобра од 70% додека идеалната температура за складирање е 12ºC и е многу важна бидејќи дури и малите флуктуации влијаат на оксидацијата на виното со што силно влијае на квалитетот.

Со контролирање и поврзување на визбата, винарите можат да знаат кога дури и најмала разлика се јавува во која било од овие вредности и да ги поправат пред да се направи оштетување на виното.

Процесот на вино сè уште бара значителен елемент на талент и уметност. Се разбира, целта на IoT е да се подобри квалитетот на производството на вино, но уште поважно е вкусот. Виното треба да биде толку добро што ќе предизвика иста емоција кај консумерот што ја доживеал винарот додека го правел виното, а технологијата не може да ги замени сите тие сетила… сè уште!