Винарство

Главни компоненти на виното

Главни компоненти на виното

Виното е храна, но на етикетата не постои листа од состојки, освен грозјето. Но, тоа не е целата приказна. Виното е направено од стотици, ако не илјадници различни молекули. Многу од нив се молекулите од аромите од грозјето (примарни ароми), при производство на виното (секундарни) и со стареењето (терцијални). Иако тие се од голема важност за уживање, аромите се само мал дел од составот на виното.

Па, од што точно е составено виното, кои се неговите главни компоненти?

85% вода. Виното е главно вода. Многу одамна, виното било побезбедно од водата, бидејќи било помалку подложно на ризик од бактериска контаминација.

13% алкохол. Тоа не е тајна, виното содржи алкохол кој се создава при алкохолната ферментација. Алкохолот во виното варира од вино на вино. Најниската соржина може да биде до 7% и тие вина се нарекуваат слатки вина чија ферментација е запрена и има остаток на шеќер. Тоа се мускатните вина, како и ризлингот. Природно ферментирани вина содржат до 15% алкохол. Тие вина кои имаат висок алкохол (14% до 15%) обично се во потоплите реони каде грозјето висок степен на зрелост со висока концентрација на шеќер. Зајакнати вина имаат од 17% до 20% или повеќе.

1% глицерол. Хемиски, глицерол е алохол. Тоа е спореден производ на ферментацијата. Има масна текструра со што придонесува за вискозноста на виното и за формирање на солзите во виното кои се гледаат на чашата при провртување. Има прилично сладок вкус, кој делумно објаснува зошто некои вина се слатки иако содржат многу малку шеќер.

0,5% киселини. Киселост во вино се мери со pH вредност, обично, помеѓу 3 и 4; тоа е често покисело од сок од портокал, но помалку од повеќето газирани пијалаци. Главната киселина во виното се нарекува винска киселина.

0,1% феноли. И покрај нивниот релативно мал дел, фенолите се голем дел од она што се направи вино посебно. Фенолите наречени флавоноиди и антоцијани даваат на белите и црвените вина карактеристични бои. Тука спаѓаат и танините. За овие феноли ќе има посебен пост.

dff17a89aca651d129710e4da01796e21be4ac65-winecomparticle