Винарство

Вински сорти за производство на бели вина

ШАРДОНЕ

Се добиваат висококвалитетни вина светло жолто зелена боја, фини, својствени, со пријатна сортна арома, добри и постојани овошни киселини. Тие се карактеристични, хармонични, елегантни, полни, со дискретна но јасна арома, суви. Од шардоне се добиваат следните стилови:
свежи без вкус на даб – овошна арома – кисело јаболко, цитрус/лимон, круша, банана, горчлив бадем.
лесен вкус на даб – вкус на топено масло, печено јаболко, мускатно оревче, зобено брашно.
jак вкус на даб – ароми на ванила, кора од лимон, чад од дрво, чоколадни бомбони.

БУРГУНДЕЦ БЕЛ

Се добиваат хармонични, елегантни вина, со изразено фини киселини, заеоблени, складни,  со светло жолта боја со зелен отсјај, пријатни и со специфична сортна арома.

БУРГУНДЕЦ СИВ

Се добиваат хармонични вина, благи со ниски киселини, полни, богати, со висок екстракт, со постојана армома. Вината се со жолто сива светла боја и меки.

РАЈНСКИ РИЗЛИНГ

Се добуваат вина со фин мирис и арома, со изразени но хармонични киселини, елегантни и многу карактеристични. Со мирис и вкус на свежи лимети /цитруси, зелено јаболко, горчливи кори или засладен сок. Од добро созреано грозје се добиваат вина со вкус на помеко овошје, праска, кајсија, блага цветна арома. Со стареење вината добиваат мирис на петрол/нафта, бензин. Во зависност на степенот на зрелост на грозјдето се произведуаат вина со различен квалитет:
kabinet – прв степен во рамките на квалитетни вина со географско потекло.
ѕpatlеse – доцна берба, кога грозјето содржи над 190 g/L шеќер.
auslese – избор на берба на најзрелите гроздови.
berenauslese – берба на зрна нападнати од благородно гниење. 
trokenberenauslase – берба на потсушени зрна нападнати од благородно гниење.

СОВИЊОН

Дава високо квалитетни вина , својствени за сортата со препознатливи армони, хармонични полни, богати. Вината се пикантни со луткотревест мирис /арома и потсеќа на сортата кабарне совињон.  Имаат спеткар од овошни вкусови, од несозреано овошје /кисело јаболко, круша/ до егзотични мириси. Се чувствуваат и вкусови на зеленчук / грашок, зелена пиперка, зелен бибер. 

СЕМИЈОН

Се добиваат елегантни, хармонични вина со фин мирис и потсеќаат на совињон со слаб интензитет. Имаат специфични вкусови на кори од лимет /цитрус/ , егзотичен мед, чисти минерали и прегорен леб. Ако се купажирани со шардоне добиваат вкус на лимон / лимет. Ботрицираните слатки вина имаат вкус на егзотично овошје, презреана праска или кајсија, мед, крем од ванила. Со созревање во длабоко буре се добиваат вина со вкус на крем. Честопати имаат вкус и мирис како да се дозревани во дрвени садови и со тек на време се јавува вкус на печен леб.

ИТАЛИЈАНСКИ РИЗЛИНГ

Се добиваат вина со зелено жолтеникава боја, со чист вински мирис и хармоничен вкус.

ТРАМИНЕЦ

Се добиваат вина карактеристични со изразена арома, најчесто со неколку киселини. Ако имаме касна берба, поради малата количина на киселини, добиваме нехармонични, високо алкохолни вина, со жолта боја. А при оптимална берба добиваме хармонични вина со фин мирис. 
Имаат широк спектар од:
цветни вкусови – рози, масло од рози, локум.
овошни вкусови – презреани праски.
зачински вкусови –  ароматични соли, ѓумбур.
Вариетети:
бел траминец – со нагласена арома и слабо тело.
миризлив траминец – со нагласена арома и тело.
црвен – со слаба арома и полно тело. Вината се полни со многу слаба арома, понекогаш неутрална. Се осеќа лесен тон на лешник.

СМЕДЕРЕВКА

Добиените вина се пивки, лесни со пријатен мирис, во добри години потсеќаат на ванила. Се користат за купажирање со други вински сорти со цел за поправка на киселини.

ЖИЛАВКА

Добиените вина се со карактеристичен мирис, пријатен сортен и нагласен , хармоничен вкус.

ТЕМЈАНИКА

Како сорта обезбедува суровина за суви вина кои се со фин мирис, квалитетни, пивки и хармонични.

МУСКАТ ОТОНЕЛ

Вината кои се добиваат се со јак мускатен мирис, низок екстракт, недоволно свежина и со ниска содржина на киселини. Погодни за купажирање со сорти кои имаат слаб мирис поради својот интензивен мирис.

ГРЕНАШ БЕЛ

Вината се хармонични, пивки,  со специфичен вкус.

ЖУПЉАНКА

Се добиваат вина со зелено жолта боја, освежителни, полни, со винско буке. Ако дојде до малолактатна ферментација, киселоста драстично се намалува и вината стануваат нехрамонични.

‘РKAЦИТЕЛИ

Се добиваат хармонични, свежи вина со специфичен сортен вкус. Се купажираат со вина кои имаат недостакот од киселини.

ШИПОН

Вината што се добиваат се фини со изразени киселини, пивки, свежи, со пријатен вкус и овошна арома.

МАЛВАЗИЈА

Се добиваат пивки вина со пријатен вкус и сортен мирис.
Постои и ароматична малвазија со нагласен ароматичен профил и обезбедува суровина за ароматични вина.

ВИОЊИЕ

Вината кои се добиваат се карактеризираат со арома на праска, кајсија, мед, зачини. Се препорачува за јужните реони каде што од грозјето се добиваат висококвалитетни и високоценети ароматични вина. Како ароматична сорта има највпечатливи овошни вкусови на кајсија, праска, зрела круша. Вкусовите се надоплуваат со зачински елементи на цимет, ѓумбир. Во топлите краеви се јавува мешавина на вкус од мед и лимон.

ФИАНО

Вината кои се добиваат се свежи, хармонични, добро избалансирани со арома на мед и лешник. Како сорта обезбедува суровина за суви бели вина и вина со остаток на шеќер.