Вински Речник
by
ivanka
·
April 6, 2016
Вински речник
Арома – Мирис кој е компонента на буке- односно цреша е ароматична компонента на овошно буке.
Алкохол – Крајниот производ од ферментација. Технички, етил алкохол што произлегува од интеракција на природни шеќери од грозјето и квасецот.
Баланс – Ниво на хармонија меѓу киселини, танини, овошје, даб и други елементи на вино.
Барик – Дабово буре од 225 литри. Термин кој се користи за вино кое е зреено во дабово буре.
Ботритис – Болест на виновата лоза предизвикана од фунги што ја напаѓаат во влажни климатски услови.
Буке – Збирот на ароми во виното; тоа како виното мириса во целина; клучна детерминанта на квалитетот.
Боја – Клучна детерминанта на возраста и квалитетот на виното; белите вина добиваат потемна боја со стареење, црвените добиваат кафеаво портокалова боја.
Дабово – Термин кој се користи да се опишат дрвенести ароми и вкусови; путер, пуканки.
Декантирање – Процес на пренесување на виното од еден во друг танк/сад, со цел да аерираат младите вина, или постарите вина да се одделат од талогот.
Жешко/Луто – Се користи при описот на вино со големо количество алкохол кој дава чувство на оган на непцето.
Земјено – Термин кој се користи за да се опише некој вкус и арома.
Зелено – изразот има двојна употреба: Се однесува на вино направено од недозреано грозје коешто има „зелени“ танини; Се однесува на вино со вегетациски вкус т.е. арома на тревки, лисје, вегетација-растенија; се смета за недостаток доколку има големо присуство.
Зрело – придавка што се користи кога карактеристиките на сортата се оптимално присутни во добро балансирано вино.
Зачинето – Термин кој се користи да се опишат одредени ароми и вкусови кои можат да бидат остри, дрвенести или слатки.
Корпулентно – Се однесува на телото и текстурата. Често означува карактеристика на богато и мазно.
Киселост – Компонента која се случува природно кај секое вино. Ниво на перципирана острина. Клучен елемент за долговечноста на виното. Водечки фактор на баланс.
Квасци – Организми кои го предизвикуваат процесот ферментација.
Куве (франц. cuvée) – Комбинација на две или повеќе вина од различна сорта или, пак, од различна година на берба. Синоним на зборот купажа.
Ледено вино – Ова е вино направено од замрзнато грозје; Германија, Австрија и Канада се водечки производители на ледено вино.
Mицерација – Процес во кој се овозможува да сокот/ширата и кожата на грозјето ферментираат заедно, а со тоа се пренесува бојата, танините и аромата.
Малолактичка ферментација – Секундарна ферментација, често се случува во буриња, каде погрубата јаболкова киселина се трансформира во кремастата млечна киселина.
Оксидирано – Вино што не е повеќе свежо, бидејќи било изложено на премногу воздух.
Румено – Вино кое е произведено од црвено грозје, но се појавува розова или лосос боја, бидејќи кожата од грозјето била отстранета од ширата што ферментира пред да се екстрактира повеќе боја. Ова вино познато е како розе вино.
Суво – Вино кое содржи не повеќе од 0.2% неферментиран шеќер.
Сортно – Вино кое го носи карактерот на сортата т.е. има соодветен вкус што произлегува од грозје берено со оптимална зрелост.
Срдечно – Израз со кој се опишува полно вино што побудува чувство на топлина и гостопримливост.
Тело – Ефект што се чувствува на непцето, а произлегува од комбинацијата на алкохол, глицерин и шеќер во виното. Виното со полно тело ја исполнува устата, и од присуството на алкохол, виното „тежи“ на јазикот; спротивно од „тенко“ или „со лесно тело“.
Тврдо – Означува висока киселост и содржина на танин што предизвикува сушење на устата. Корисно за идентификување млади црвени вина погодни за стареење.
Ферментација во буре – Процес со кој виното (обично бело) се ферментира во дабови буриња, а не во танкови од нерѓосувачки челик; побогат, покремаст, дабов стил на виното.
Ферментација – Процесот со кој шеќерот се трансформира во алкохол.
Филтрација – Процес со кој виното поминува пред да се флашира.
Финиш/Завршеток/Повкус – Вкус којшто останува во устата откако ќе се проголта виното.
Цветно – Вино во кое доминира цветна арома.
Цитрусно – Со aрома на агруми (грејпфрут, лимон).
Чисто – Вино без непожелни ароми и вкус.
Шармантно – Вино со лесен вкус, се однесува на вино кое не ги исполнува првичните очекувања и чиј вкус не трае долго откако ќе се проголта виното.
Шира – Измуљано грозје кое поминува преку ферментација.
Blanc de Blancs – Име за шампањ направено од винската сорта Шардоне.
Blanc de Noirs – Име за шампањ направено од црвено грозје или од Pinot Noir/Бургундец бел.
Brix – Скала што се користи за мерење на нивото на шеќер во неферментирано грозје. Со множење на Brix со 0.55 ќе го имаме нивото на алкохолот во виното што треба да се добие.