Винарство

Винските сорти на грозје за производство на црвени вина

Винските сорти на грозје произведува неверојатен спектар на црвени вина: од елегантни и структурирани суви црвени вина, до слатки и едноставни пикантни пиперки. Многу зависи од каде потекнува грозјето и што прави винарот со него, но најважен фактор е разновидноста на самото грозје.


КАБАРНЕ СОВИЊОН

Вината кои се добиваат се одликуваат со фин, специфичен сортен вкус, буке, пивкост, богати со нагласени боени материи и ектракт.  Младите вина се груби, со зреење од две до три години се хармонични, пивки и ароматични. Се добиваат висококвалитетни вина, погодни за купажа. Во топлите реони имаат вкус на црна рибизла, црна слива, капина. Додека во северните, имаат горчлив вкус на зелена пиперка и хербални тонови. Со третирање со даб добиваат минерална острина, мирис од кутија на цигари и графити. По неколку години зреење во шише, се добиваат армони на дивеч, темна чоколада, индиски зачини, конзервирано овошје. Со купажирање со мерло, кабарне франк сира, вранец, но во мали количини ја омекнуваат но не ја губат својата опојна убавина. Со дозревање во даб и вкусот на ванила од нивното дрво служи за ублажување на неговата суровост како младо вино. Суровоста потекнува од танините, кои се присутни во младите вина, кои имаат трпкав вкус и може да ја маскираат природната овошна арома. Кога танините почетни почнуваат да се преобразуваат во виното, примарните овошни ароми го превземаат вкусот и се добива вкус на суво овошје, лут зачин или месо од дивеч.

КАБАРНЕ ФРАНК

Се добиваат фини, квалитетни, со арома на малина, љубичица. Интензивно обоени вина со рубин боја, хармонични, додека се млади имаат вкус на зелено грозје. Интензитетот на бојата и танинската структура е послаба од кабарне совињон и погодни се за купажирање со оваа сорта.

МЕРЛО

Вината кои се добиваат се со висок квалитет, пивки, хармонични, со висок ектракт и добра обоеност. При купажирање се подобруваат на мекост, ароматичност и интензитетот на бојата. Со тоа се погодни и за долготрајно чување во дрвени садови. Одгледувани во свежа клима имаат вкус на зеленчук со хербални или цветни ноти. Додека во потопла клима добиваат вкус на сушено овошје, овошен колач, зачинско-балсамски ароми. Грозјето ако е добро созреано доминираат вкусови на боровинка, црна слива или капина. Погодни се за зреење во дабови буриња, кои нивниот вкус го преземаат вкусот на топено чоколадо и локум.

БУРГУНДЕЦ ЦРН

Вината кои се добиваат се пивки, хармонични, меки, со рубин црвена боја. Младите вина се со лесна арома на црвено овошје како на јагода, малина, вишна. Со зреење односно старото вино добива вкус на дивеч или пикантен црн тартуф со циглоцрвена боја. Од оваа сорта се произведуваат 2 вида на вина:
темни вина – со зрели мириси и вкусови на црвени плодови и со прилично месна текстура.
лесни вина – со минерален – земјен вкус кои постепени добиваат вкус на дивеч.

ВРАНЕЦ

Се добиваат темно црвени вина, на вкус полни, богати со боени материи и ектракт. Карактеристични се по мирисот на зрела вишна и шумско овошје. добро поднесуваат буре и барик. По одлежување во буре или шише се развиваат мириси на суво овошје, какао, кремасти вкусови. Се купажираат со цел за зголемување на киселините.

КРАТОШИЈА

Вината кои се добиваат не се доволно хармонични па за таа цел се купажираат со вранец.

ТЕРАН

Се добиваат вина со интензивна боја, свежи, пивки и со нагласени кисели. За таа цел се купажираат со вина кои се со недостаток од киселини и се слабо обоени.

ФРАНКОВА

Вината се со рубин црвена боја, свежи, хармонични и се со сортен мирис и вкус.

КАДАРКА

Вината кои се добиваат од оваа сорта се со срена обоеност, пивки, хармонични со нежна плодова арома.

ГЕМЕ ЦРН

Вината кои се добиваат се лесни, освежителни, црвени, со вкус на зрели диви јагоди, и обично се со слаб интензитет на бојата. Виното е со остри киселини со малку или без танини.

ПРОКУПЕЦ

Со добро созревање се добиваат вина хармонични, пивки, светло црвени со неутрален мирис. Се користат за производство на ружица и розе вина, а интензитетот на бојата зависи од должината на траењето на мацерацијата, а исто така со помош на бојадисер сортата.

СТАНУШИНА

Вината се одликуваат со свежина, пивкост, хармоничност. Има повеќе биотипови и тоа: црна, сура и реулава.

ГРЕНАШ ЦРН

Се произведуваат висококвалитетни црвени и розе вина. Тие се со средна ароматичност и фенолен потенцијал. Погодни се за купажирање како би се подобрил интензитетот на бојата.

ШИРАЗ

Вината се со богати обоени материи, танини, ектракти. Карактеристични се по својата овошна арома.

КАРИЊАН

Се добиваат средно јаки, недоволно обоени црвени вина погодни за купажа.

АЛИКАНТ БУШЕ

Вината кои се добиваат се одликуваат со умерена содржина на алкохол, вишок на киселини и боени материи. Вината се многу кисели и груби и се купажираат со вина за поправка на бојата.

ГАМЕ БОЈАДИСЕР

Добиените вина се интензивно обоени и богати со екстракти. Се купажира со вина кои имаат недоволно обоени материи како: бургундец црн, геме црн и други.

САНЏОВЕЗЕ

Вината се карактеризираат со интензивно рубин црвена боја, со висока содржина на танини, добро тело и хармоничност. Младите вина се со нагласена овошна арома, а со зреење се облагородуваат.

Клонови: за млади вина и вина за средно зреење, клоновите се карактеризираат со нагласени овошни ароми, урамнотежени танини и добра структура. Додека клонови за долго зреење се карактеризираат сп фини зачински мириси и ароматични компоненти.

МОНТЕПУЛЧИАНО

Добиените вина се со интензивна рубин црвена боја и со карактеристичен мирис. Со нагласена овошна арома, ниски киселини. Содржат доволно танини за да можат да зреат од 3 до 4 години.

НЕБИОЛО

Вината кои се добиваат се со висок квалитет, имаат рубин црвена боја, нагласено тело со овошен вкус. Основна карактеристика на познатите вина од оваа сорта:
BAROLO – зреење најмалку 3 години , од тие 2 години во дрво-аромите се зачински со доза ба ванила, со поголема горчина и сувост. Се развиваат нијанси на керозин и гераниум.
BARBARESCO – најмалку 2 години од кои 1 година во дрво-аромите се со овошен карактер, од егзотично овошје и цветни тонови.
ROERO – зреење најмалку 8 месеци во дрво-ароми на тутун, пипер и црвена роза.

ТЕМПРАНИЛО

Вината кои се добиваат се добро обоени, структурни со недостаток на киселини.

МАРСЕЛАН

Добиените вина се висококвалитетни,со висока содржина на антоцијани. Доминираат овошни ароми на вишна, шумско овошје. Вината се полни, со добра структура кои содржат меки танини на кои не им треба долго зреење.