Останато

Вино за вода

Станува збор за непрофитна организација која е фокусирана на обезбедување чиста вода за луѓето  во целиот свет. Оваа организација е основана во 2003 година. 

Идејата за Вино до Вода била родена кон крајот на 2003 година, во северна Каролина и со првото собирање на средства е реализирана на почетокот на 2004 година, од страна на Doc Hendley, кој бил шанкер и имал силна желба да го искористи барот и ноќниот клуб како начин да донесе позитивни промени во светот. По воочувањето на кризата за вода во светот, организирал дегустации на вина и собраните средства биле искористени за спроведување на чиста вода во целиот свет. 

Во овој проект биле вклучени: копање и поправка на бунари, снабдување систем за филтрирање во областа и садови за складирање и едукација за тоа како да се одржи водата свежа. 

Речиси една милијарда луѓе во светот немаат пристап до чиста вода и околу 3,5 милиони луѓе умираат секоја година поради прашања поврзани со вода. 

Проектот Вино за Вода се проширил во голема мера неодамна, а во моментов се работело на проекти за вода во Судан, Индија, Камбоџа, Уганда, Етиопија, Перу и Кенија.